Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанската опозиција најави нов протест на 25 мај

0
By Нова ТВ on May 15, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 15, 2019 22:04

Како што и претходно најави, обединетата албанска опозиција продолжува со протести против „криминалната Влада и балканскиот Мадуро“, како што го нарекува актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама.

На попладневната средба на Претседателството на Демократската партија, на која присуствуваа и лидерите на политичките партии што ја сочинуваат обединетата опозиција, одлучено е наредниот „национален протест“ да се одржи на 25 мај во 19 часот.

Најавувајќи го протестот, лидерот на демократите, Љуљзим Баша изјави дека продолжуваат „со соочувањето, без враќање, со слугите на владејачката криминална хунта“.

– Највисокиот форум на Демократската партија заедно со лидерите на коалициските партнери ја разгледа тешката состојба на државен удар во која се наоѓа земјата. Денес, цела Албанија и светот сфатија дека Еди Рама е во паника од она што го очекува од расветлувањето на истражните досиеја во кои е вмешан директно. Едногласната одлука на опозицијата е фронтална конфронтација во сите форми. Од овој момент ќе бидеме секојдневно и секоја минута заедно со граѓаните, лице в лице без враќање, со војниците и слугите на владејачката криминална хунта, додека не се дискутира за враќање кон демократијата, изјави Баша по состанокот.

Од февруари, кога почнаа, по до сега, опозицијата одржа 11 протести, од нив шест пред Парламентот, додека три пред Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април, како и два марша од пред Владата до Парламентот и Дирекцијата на полицијата на Тирана на 11 и на 13 мај.

Протестот одржан на 11 мај беше најжесток, со фрлање молотови коктели врз Владата, Парламентот и полицијата, при што беа запалени прозорци и влезната и задната врата на Владата, повредени 16 полицајци, пробиени полициски кордони, фрлени многу димни бомби во правец на полицијата, употреба на солзавец и водени топови за одбивање на демонстрантите, уништен општествен имот и приведени повеќе од 50 лица.

Приведените вчера беа изведени пред Основниот суд во Тирана, при што на 20 од нив им беше продолжена мерката притворот, додека останатите беа ослободени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.