Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН; Османи порача ЕУ да ги награди проевропските земји; Вучиќ може да биде казнет ако оди во Косово без дозвола од Свечла

0
By Blerina Tahiri on September 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска Албанија претседава со отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност во Обединетите нации, а албанскиот премиер Рама ќе ја води дебатата, пишуваат албанските медиуми.  Косовската претседателка, Вјоса Османи, која престојува во Њујорк каде се одржува 78-та сесија на Собранието на Обединетите нации, учествуваше на ручек организиран од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност г. Жозеп Борел, на која средба побара забрзување на евроинтегративниот процес за земјите од Западен Балкан. Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена дека наскоро ќе го посети Косово. Доколку влезе во Косово без дозвола, Свечла рече дека ќе го уапсат Вучиќ, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Политико: Албанија денеска претседава со Советот за безбедност на ОН, Рама ја води дебатата

Денеска Албанија претседава со отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност во Обединетите нации.

Отворената дебата во Советот за безбедност, која ќе ја води премиерот Еди Рама, ќе се фокусира на темите безбедност, мир и војна во Украина.

Премиерот Рама ќе ја води отворената дебата заедно со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и американскиот претседател Џо Бајден, пренесе Политико.

Албеу: Републиканските пратеници го обвинуваат Министерството за правда дека ги ублажува случаите на Мекгонигал за да го заштити ФБИ

„Судскиот комитет на Претставничкиот дом во Конгресот на Соединетите Американски Држави изразува загриженост за можноста за договори за признавање на вината против поранешниот функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, во два случаи против него, како обид да се сокрие обемот на прекршувањата, него, за да се заштити угледот на ФБИ.

Претседателот на Комитетот, републиканскиот пратеник Џим Џордан, во вторникот напиша во писмо до директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, дека комитетот ги истражува наводите „за политизација и пристрасност во ФБИ во врска со кривичното дело против поранешниот специјален агент Чарлс Мекгонигал“, пренесе Албеу.

КОСОВО

Сури -Османи на заеднички ручек на Жозеп Борел: ЕУ да ги награди проевропските земји

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, која престојува во Њујорк каде се одржува 78-та сесија на Собранието на Обединетите нации, учествуваше на ручек организиран од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност г. Жозеп Борел.

На оваа средба се разговараше за регионалната соработка и за забрзување на евроинтегративниот процес за земјите од Западен Балкан, пренесе Сури.

Газета Експрес – Свечла предупредува: Ќе го уапсиме Вучиќ ако дојде во Косово без дозвола за посета

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена дека наскоро ќе го посети Косово. Доколку влезе во Косово без дозвола, Свечла рече дека ќе го уапсат Вучиќ.

„Со дозвола, до премиерот, мене без дозвола“, изјави Свечла на АТВ.

На прашањето дали вели дека ќе го уапсат Вучиќ, Свечла рече дека секој што ќе влезе на територијата на Косово без дозвола ќе биде уапсен, вклучително и српскиот претседател.

„Доколку има барање, дали да му се даде дозвола на Вучиќ или не, тоа е прашање на одлучување. А, за без дозвола, тогаш се знае кои институции се занимаваат со тоа“, пренесе Газета Експрес.

Клан Косова: Уапсен службеник на ТАК, се сомнева дека ја злоупотребил службената положба

Полицијата уапси службеник на Даночната управа на Косово.

Во 24-часовниот полициски извештај се открива дека истото лице е осомничено за злоупотреба на службената положба. Со решение на обвинител, осомничениот е приведен, пренесе Клан Косова.

КОЛУМНА

Сури Косова: Азербејџан и Ерменија во војна, дали е на ред Косово?

„Ерменија тешко може да смета на поддршката од Русија, Индија, Иран или ЕУ, а тука само САД можат да интервенираат како во случајот со Босна (Бошњаците ги оставија сами на себе сите Европејци). Во овој судир во судирите кој ги поттикнува овие партии да војуваат? Дали нивните сметки се засноваат на странски стратегии или домашни интереси? Русија како посредник речиси се повлече со своите војници во коридорот на Лашин!

Таму ситуацијата по војната што се случува во Украина, изгледа дава сигнал дека следното жариште за војна би можело да биде Косово! Кој ги поттикнува и подготвува овие умови да војуваат во време на геополитички превирања?“, пишува авторот Гуракуч Кучи, доктор на полето на меѓународните односи и историјата на дипломатијата, член на раководниот кадар на Албанскиот институт за геополитика, во колумната „Азербејџан и Ерменија во војна, дали е на ред Косово?“, објавена во косовскиот портал Сури  Косова.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми Избор регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.