Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми- Курти: Оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за косовските Срби; Владата на Косово додели 50 илјади евра финансиска поддршка за семејството на убиениот полицаец, кој е Милан Радоичиќ?

0
By Blerina Tahiri on September 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Албин Курти
Албин Курти
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Курти на седница на Владата меѓу другото посочи и дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово. На седницата, владата донесе одлука за доделување финансиска поддршка од 50 илјади евра за семејството на загинатиот полицаец Буњаку.

Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха -Курти: Оживувањето на политичкиот плурализам меѓу косовските Срби е од витално значење

Косовскиот премиер Албин Курти на седницата на Владата на Косово изјави дека неделниот напад во Бањска сведочи за опасноста, целта и потенцијалот на српските криминални и терористички групи на север.

Тој рече и дека нападот ја покажува потребата од поголема меѓународна соработка во заштитата и контролата на границата со Србија.

А со тоа и потребата од отворено казнување со јасен и специфичен јазик и барања кои меѓународната заедница ги упатува до Србија“, рече Курти.

Тој рече дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово, пренесува Коха.

Зери: Владата додели  50.000 евра за семејството на загинатиот полицаец Африм Буњаку

„Владата на Косово денеска додели 50.000 евра за семејството на херојот Африм Буњаку, кој загина на должност.

Премиерот Курти рече дека оваа сума е наменета за помош на семејството на полицаецот. Во меѓувреме, по предлогот за распределба на финансиските средства, министерот за финансии Хекуран Мурати рече дека Владата секогаш ќе биде блиску до семејството Буњаку.“, пренесе Зери.

Сури: Завршени се проверките во куќите и зградите во Ѕвечанското село Бањска

Косовската полиција ги заврши рациите на куќите и објектите во и околу селото Бањска во Звечан, два дена по вооружените судири со група луѓе, каде што беа убиени еден полицаец и тројца осомничени напаѓачи.

Заменик-директорот на полицијата за северен регион, Ветон Елшани за Радио Слободна Европа изјави дека ова село ќе продолжи да биде опколено до најмалку 09 часот на 27 септември, кога се очекува надлежните да одлучат како ќе постапат, пренесе Сури.

Балкан Веб: Организатор на нападот на косовската полиција, кој е Милан Радоичиќ, потпретседател на Српската листа

Санкциониран во Соединетите Американски Држави, баран во Косово, додека во Белград е познат како најсилниот бранител на Србите на северот на Косово. Ова е профилот на Милан Радоичиќ, Србин роден во Ѓаковица, моментално потпретседател на Српската листа, кој косовските власти го обвинуваат дека е организатор и учесник во нападот на 24 септември во Бањска, каде беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

Покрај тоа што е деловен човек, Милан Радоичиќ низ годините наметнува и политички профил. Тој беше избран за потпретседател на Српската листа неколку месеци по убиството на српскиот политичар од Косово, Оливер Ивановиќ, во 2018 година. Радоичиќ е обвинет дека има вмешаност во ова убиство, но овие сомнежи не се докажани на суд .Во декември 2021 година, Министерството за финансии на САД ги санкционираше Милан Радоичиќ и неговиот деловен партнер Звонко Веселиновиќ. Тие двајца, заедно со уште 10 лица, се обвинети од САД дека се водачи на организирана криминална група која се занимава со шверц на оружје, корупција на службеници и илегална трговија со стоки, пари и наркотици меѓу Косово и Србија, пренесува Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

ДВ: Берлински процес – ЕУ: Со нов план за интеграција и економски раст на БП

„На форумот на министри за економија „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствениот пазар на ЕУ“ што се одржа во вторник, (26.09) во Тирана, во рамките на Берлинскиот процес, зајакнување на економиите на земјите од регионот преку вклучување во економската сфера на ЕУ. Дискусиите го истакнаа новиот геополитички контекст за забрзување на регионалната интеграција и зближување со ЕУ.“, пренесе ДВ.

КОЛУМНА

ИНА: Комитите на „Батоните“

„Внимателно!

Комитите на батоните  веќе ја започнаа медиумската кампања со цел Србија да не се гледа како премногу виновна за терористичкиот напад и Вучиќ  да не изгледа лошо пред Западот.

Затоа, во дебати, на портали и на социјалните мрежи се истражува обидот да се најдат неуспеси и грешки на Косово за тамошната интервенција и истовремено се релативизира и камуфлира директната улога на Вучиќ.

Не станувајте плен на вестите што се градат врз основа на информации од српската БИА, уредени на албански јазик од оние што сите ги знаете.

Не ги ни слушајте оние кои за 10 години разговори веќе ја зацврстија позицијата на Србија и нејзината диверзантска улога над Косово. Тие имаат други грижи.“, пишува авторот Незир Краки во колумната „Комитите на „Батоните“, објавена во ИНА.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми Избор регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.