Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми: Шефот на косовскиот претседателски кабинет даде оставка; правда и нестигматизација за мажите жртви на сексуално насилство за време на војната во Косово; паѓа ветото на Грција за Албанија

0
By Ана Василевска on December 1, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2023 12:29

Шефот на кабинетот на претседателката Вјоса Османи, Блерим Вела, поднесе оставка од функцијата, соопштија од косовското претседателство. Повеќето сексуално злоупотребувани мажи  за време на војната во Косово досега немале храброст да ја раскажат својата приказна, досега во институциите се појавиле само 84 мажи, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Коха: Шефот на кабинетот на претседателката на Косово,  Блерим Вела,  поднесе оставка

Шефот на кабинетот на претседателката Вјоса Османи, Блерим Вела, поднесе оставка од функцијата, потврдија од Претседателството.

Претседателството во објава на Фејсбук соопшти дека Вела ја завршил својата заложба да се врати на професионалната и семејната посветеност.

Неодамна, Вела беше во центарот на критиките откако предложи српскиот претседател Александар Вучиќ и публицистот Фахри Муслиу да направат ДНК тест за да докажат дали имаат иста крв. Вела потоа ја избриша објавата на Х (поранешен Твитер), пренесе Коха.

Зери: 84 мажи кои биле силувани за време на војната се претставени пред институциите, се бара правда и нестигматизација

Косовскиот центар за рехабилитација на преживеани од тортура ја одржа меѓународната конференција „Шеми на сексуално насилство за време на војната против мажите и момчињата“.

Мелани Џ.Х. Скарлет, која го предводи тимот за надворешна политика во британската амбасада во Косово, рече дека повеќето злоупотребувани мажи во Косово досега немале храброст да ја раскажат својата приказна. Според неа, досега во институциите се појавиле само 84 мажи кои биле сексуално навредувани за време на војната, пренесува  Зери.

Газета Експрес: „Ветеведносје“ дава сигнали дека наскоро ќе биде објавен нацрт-статутот за „Заедницата“

Од партијата на власт, „Левизја Ветевендосје“, велат дека нацрт-статутот на ЕУ за Заедницата на општини со мнозинско српско население наскоро ќе биде објавен.

Пратеникот Аднан Рустеми  изјави дека транспарентноста за овој нацрт е многу важна, но дека Владата го почитува барањето на посредниците од ЕУ за доверливост, пренесува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

РТШ: Паѓа ветото на Грција против Албанија, ЕУ го подготвува писмото за отворање на поглавјата

Грција се приклучи на писмото на 27-те земји членки на Европската Унија со кое ќе ја покани Албанија да ги отвори првите поглавја од преговорите за членство во ЕУ.

Сигурни дипломатски извори за РТШ велат дека средбата во средата завршила со вклучување на Грција во европската одлука за Албанија.

Како што предупредија самите грчки медиуми, јужниот сосед на Албанија не беше прифатен од европските власти да стави вето во оваа фаза, што според европското законодавство, не остави можност Грција да ги наметнува прашањата за третманот на националните малцинства на оние од владеењето на правото, пренесе РТШ.

АБЦ: Судењето за „Грдец“, генерал Хоџа: Предлогот на американската компанија демонтажата да се направи во Бержите е оценет како несоодветен

Генералот Бардул Хоџа, поранешен директор на Управата за логистика во Министерството за одбрана сведочеше во судот за процесот против поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, на седницата одржана за случајот „Грдец“.

Отпрвин, обвинителите во случајот го препознале од негов белег составен во декември 2006 година, каде што на факс од американската компанија SAC бил испратен одговор од одделот за логистика.

Предложи демонтирањето на муницијата да се направи во Бержите. Во меѓувреме, според Управата за логистика, одговорот бил вратен во рок од 24-48 часа, според Хоџа, причината била што Бержите не била соодветно место бидејќи била во близина на куќите и главниот пат, а депоата немале дозвола за спроведе овој процес, пренесе АБЦ.

КОЛУМНА

Политико: Парче се направија вчера, за да соработуваме денес!

„Се сеќавате на поранешното Движење „Беса“ кое по пет месеци политичка активност, на парламентарните избори во 2016 година, доби пет пратеници.

И се сеќаваш ли што се случи потоа? Зачудени од ненадејниот успех, челниците на оваа партија – односно крилото на Лрцe и на Чаир од Скопје – почнаа да се расправаат кој ќе биде поблиску до владејачката штала.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Парче се направија вчера, за да соработуваме денес!“, објавена во Политико.

Подготви: Д. Тахири

Извор: Цивил Медиа

Избор од албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.