Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алергии на полен и на трева кај децата ја наполнија болницата Козле

0
By НОВА ТВ Balaban on June 2, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 14:31

Најчести предизвикувачи на алергија се полените од бреза, леска, јасен, липа, костен, односно ситните честички кои се пренесуваат од дрвата и тревата. Кога честичките од поленот ќе стигнат до носот на некој кој е алергичен, имунолошкиот систем тоа го препознава како напад на организмот и веднаш реагира, вели д-р Поповска. 

Алергии на полен и на трева кои периодов се јавуваат кај децата го  наполнија Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле каде дневно се прават и по повеќе од 40 тестирања. Лекарите предупредуваат дека најчестите симптоми на алергија се кивање, затнат нос, црвенило, оток и осип на кoжата, но и црвенило, солзење и чешање на очите. Овие манифестации може да бидат во поблага, но дури и во драматична форма и некогаш можат да го загрозат и животот на детето.

Д-р Мирјана Поповска, педијатар во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, за НоваТВ вели:

– Зголемена е бројката на деца за кои е потребна дијагностика на алергиските заболувања во овој период, и тоа на полен и на трева. Сите термини секојдневно се пополнети од нашите мали пациенти. Според Американската академија за алергија, астма и имунологија, алергијата настанува кога организмот реагира на некои алергени од  околината. Алергените се поделени во неколку поголеми групи: контактни алергени (хемикалии, козметика, накит), нутритивни – храна ( млеко,пченица, јајце ,ореви, кикирики, чоколада, риба, конзерванси и адитиви во храната). Има и респираторни алергени – од внатрешната средина: куќна прашина, микрокрлежи, влакна од домашни миленици или од надворешната средина – инхалационите алергени, како што е  полен од дрвјата, трева и слично, појаснува д-р Поповска.

д-р Мирјана Поповска, педијатар 

Само во април во Институтот Козле се направени вкупно 208 кожни тестови – 176 на дишни алергени, а 32 на прехранбени. Во првата недела од мај, од 1 до 6 мај, се тестирале 52 деца – 45 со инхалаторни тестови, а 7 со прехранбени. Додека, пак, преку крвта во април биле испитани алергии кај 172 деца, со РИДА тест.

За тоа како родителите да ги препознаат алергиите кај децата и кои се  сезонските пролетни алергени, д-р Поповска појаснува: 

– Тоа се најчесто полените од бреза, леска, јасен, липа, костен , односно  ситните честички кои се пренесуваат од дрвата, тревата – (поленот) се најчест „предизвикувач“ за пролетни алергии. Кога честичките од поленот ќе стигнат до носот на некој кој е алергичен, имунолошкиот систем тоа го препознава како напад на организмот и веднаш реагира. Во таа одбрана се создаваат антитела ИгЕ, имуноглобулини, кои кога ќе се врзат за мастоцитите се ослободува хистамин кој доведува до зголемена циркулација и ширење на крвните садови, контракција на мазната мускулатура и појава на симптомите, додава педијатарката Поповска.

Грлото гребе и чеша, може да се јави и гушење

Хистамин е предизвикувач на алергиските реакции како течење на носот, чешање на очите и други симптоми. Кога чувствително дете ќе дојде во контакт со алерген ќе почне да манифестира симптоми на алергија. Во случај на респираторни алергии од полен, честичките од поленот допираат до неговата  кожа, слузницата на очите, носот, белите дробови и предизвикуваат најразлични симптоми: Koжа-црвенило, оток, чешање и осип, очи-црвенило, солзење, чешање, нос-кивање, затнатост, обилна течна секреција, чешање, во грлото чувство на слевање на секрет, чувство на гребење, и чешање, во белите дробови-сува кашлица, отежнато дишење, гушење.

Сите овие манифестации може да бидат во поблага, но и во потешка форма, дури и драматична и да  го загрозат животот  на детето – во случај на гушење, шок и слично, предупредуваат од Институтот.

Алергија е ако чешање на носот и зацрвенети очи траат подолго од 2 недели  

На прашањето кога детето треба да се однесе на лекар, од таму прецизираат:

– Ако се работи за настинка, симптомите вообичаено траат околу 7 дена и ќе поминат, но ако детето постојaно изгледа како настинато односно ако детето има зацрвени очи, обилно течење од носот или затнат нос, кивање, и ако сите овие симптоми траат подолго од две недели, тогаш најверојатно е во прашање алергиска реакција. Доенчињата и децата со алергија може да имаат темни кругови околу очите и се склони на повторувачки инфекции на ушите, нагласува д-р Поповска.

Љубица Балабан

 

 

Алергии затнат нос Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле кивање Мирјана Поповска Тестирања црвенило
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.