Published: Wednesday, November 11, 2015 11:28
Гигантот за интернет трговија Алибаба го урна сопствениот рекорд на продажба за време на еден од најголемите трговски настани, Денот на самците во Кина, познат и како Двојна единица,поради датумиот 11 Ноември, кога се одбележува.
Компанијата соопшти дека само за половина ден ги надминала минатогодишните 9,3 милијарди приход, односно дека за само една минута по полноќ заработила над 1 милијарда долари, додека првиот час од продажбата се слеале 3,9 милијарди долари.
Колку за споредба, на тнр. Сајбер понеделник, најголемиот ден за онлајн шопинг во САД, компаниите заработиле 1,35 милијарди долари.




