Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе одат заедно на локалните избори

0
By Sashko on June 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алијансата за Албанците (АА) на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии. Како што наведуваат извори во партијата на брифинг со новинарите, раководството на АА нема да го скрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани и политички партии.

Тие велат дека да се соработува во политиката не е лоша работа и нудат соработка, но останува на останатите партии да одговорат на таквата понуда и подадена рака.

Сепак од партијата брифираат дека нема да дозволат да бидат вовлечени во „некакви каши“, нагласувајќи дека е дојдено време кога политиката треба да биде чиста работа за да се обезбеди чисто општество и почитување на правата на сите граѓани.

Алијансата за Албанците во наредниот период ќе ги утврди имињата на кандидатите за градоначалници, посочувајќи дека граѓаните можат секојдневно да видат како се менаџираат работите во оние општини со кои раководат кадри од нивните редови и да направат споредба со останатите.

Според партијата, со воведувањето на правилото за земање отпечаток од прст на гласачите на локалните избори ќе се оневозможи манипулација и злоупотреба со гласовите, што се оценува  како добра вест за промени во општеството.

Во однос на ребрендирањето на ДУИ, од Алијансата за Албанците сметаат дека станува збор за наменска постапка во пресрет на локалните избори, посочувајќи дека оваа партија ги менува ставовите согласно потребите.

АА не отстапува од Законот за државјанство и ја повикува Левица да покаже разум и одговорност и да ги повлече поднесените амандмани на ова законско решение и очекува пред пратениците тој да се достави со европско знаменце.

Алијанса за Албанците Алтернатива коалиција локални избори Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.