Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алиса зад огледалото“ ќе го отвори фестивалот „Иван се враќа дома“

0
By Нова ТВ on September 16, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва денеска и утре со почеток во 18 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја изведе преставата „Алиса зад огледалото” во режија на Иван Поповски, наменета за публика над седумгодишна возраст.

Претставата, со која почнува фестивалот „Иван се враќа дома“, е работена според двете книги за Алиса од Луис Керол, од кои Иван Поповски ја избрал понепознатата и многу поретко поставуваната и филмуваната приказна „Зад огледалото” – како потеатарска и притоа со цврста структура и правила.

– „Алиса зад огледалото“ е вистинска енциклопедија на весел апсурд. Тука е можно практично сѐ, бидејќи на секое „зошто“, може да се одговори – затоа што тоа се случува „зад огледалото“, каде што сѐ е можно или да се каже дека сето тоа е само сон. Претставата изобилува со многу чуда и пресврти. Сценографијата се надополнува со светлото, видеоефектите, магионичарските пресврти… а во претставата има и многу музика: многу стихови кои се вградени во кероловскиот текст се поставени врз музиката и во оваа претстава пеат практично сите – соопшти МНТ за првата од трите претстави на фестивалот „Иван се враќа дома“.

„Алиса зад огледалото“ е претстава со најголем буџет досега во театарот „Мастерскаја П. Фоменко” – над половина милион долари.

– Не ги жалиме парите за добар спекаткл – рече вчера на прес-конференција Андреј Варабјов, директорот на овој руски театар, а режисерот Поповски додаде не е важен износот на парите ако има сигурност дека проектот и гледаноста нив ќе ги врати.

За седум години, од премиерата во 2010 година, „Алиса зад огледалото“ на матичната сцена е одиграна 311 пати и продадени се околу 120.000 влезници.

Пред македонската публика оваа претстава ќе биде изведена и утре, исто така со почеток во 18 часот.

По две изведби ќе имаат и другите две претстави на Поповски кои гостуваат во Скопје во рамки на фестивалот „Иван се враќа дома“. На 19-ти и 20-ти од 20 часот ќе биде  изведена „Отровната туника“ од Николај Гумиљов, која премиерно во театарот „Фоменко“ е поставена во 2002 година, а фестивалот во МНТ ќе заврши со Шекспировата „Сон на летната ноќ“ од 2015 година која е закажана за 22-ри и 23 септември од 20 часот.

Иван Поповски МНТ фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.