Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ со раст во сите сегменти од работењето и 111 нови вработувања за периодот јануари-јуни

0
By Нова ТВ on July 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Алкалоид“ бележи раст на консолидираните продажби за 10 отсто, со двојно зголемени инвестиции
во износ од преку 841 милиони денари и со 111 нови вработувања, покажува извештајот за работењето на компанијата за периодот јануари-јуни оваа година.

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2020 година, продажбите достигнуваат 4.740.145.403 милијарди денари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата
година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.067.515.783 милијарди денари, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 8 отсто, додека вкупниот
консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 34 отсто се остварени на домашен пазар, додека 66 отсто се остварени на странските пазари.

Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21 отсто, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 8 отсто, а на другите пазари се остварени 2 отсто од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во земјите од Југоисточна Европа, со продажби од над две милијарди денари и со раст од 14 отсто, споредено со истиот период од минатата година. САД бележат
раст од 16 отсто, Русија и другите земји во ЗНД раст од 8 отсто, земјите од Западна Европа раст од 5 отсто, итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо
учество имаат производите од сегментот фармација, и тоа 86 отсто. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со 23 отсто, антибиотиците со 15 отсто, кардиолошките препарати со 15 отсто, невролошките препарати имаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби, итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 14 отсто во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3 отсто, козметиката со 8 отсто, а билкарството учествува со 3 отсто.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која
изнесува 944.488.412 милиони денари, бележи зголемување од околу 12 отсто, додека единечната нето-добивка изнесува 525.025.059 милиони денари и зголемена е за 10 отсто. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 978.792.142 милиони денари и бележи раст од 13 отсто, додека консолидираната нето-добивка во износ од 511.911.371 милиони денари е зголемена за 11 отсто.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-јуни 2020 година, изнесуваат 841.058.536 милиони денари, што е за 99 отсто повеќе во однос на истиот период од 2019 година. Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година.

Вработени

Во периодот јануари-јуни 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 111 нови вработувања. На крајот на јуни 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.771 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 529 вработени или вкупно 2.300 вработени во групацијата.
Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Податоци за акциите

Акциите на „Алкалоид АД Скопје“ котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-јуни 2020 година се движеше од 8.354 денари до 13.400 денари или просечно 11.949 денари за една акција, што претставува раст од 40 отсто во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30 јуни 2020 година изнесуваше 17 милијарди денари.

Бизнис-план за 2020 година

Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, на Седницата одржана на 27 декември во 2019 година, предвидува инвестирање на околу 14 отсто од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од
најмалку 7 отсто на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7 отсто на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период, друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и
новонастанати ризици генерирани од пандемијата на Ковид-19. Компанијата презеде голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и натаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.

Алкалоид Извештај Работење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.