Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ало, СДСМ? Има ли некој? Дали мислите дека “Гласавте – гледајте” е државничка порака?

0
By Marija Todorovska on May 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 17, 2024 11:09
Сега пред очите ги гледаме првите сцени од репризата на 2008 година, кога наместо да го прифати континуитетот на подготовките и реформи за забрзување на процесот за членство во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ го сврте курсот и ја зароби државата и ја оттргна од тие процеси. Имајќи го сето тоа предвид, премногу е опасен молкот и летаргијата на СДСМ.

Зоран БОЈАРОВСКИ / РАЦИН.мк

Несфатлив е молкот во и на СДСМ. Ако ја исклучиме колумната на Стефан Богоев од 12 мај, последните објави на веб страницата на партијата се од 8 мај, односно обраќањето на претседателот Димитар Ковачевски и на портпаролката Кузеска, која излезе непосредно по затворањето на гласањето на избирачките места.

Да не беа професионалните должности и активности на Бисера Костадиновка-Стојчевска, Бојан Маричиќ и на Сања Лукаревска како членови на владата и на владини институции, овој молк ќе беше уште по недозволив.

Од таа перспектива демантот на Фатмир Битиќи за негово наводно делување како независен пратеник, а подоцна и како член на ВЛЕН, доволно силно и илустративно говори на што се изложува СДСМ доколку продолжи со овој молк.

Веќе започнаа да се плетат приказни за разно разни концесии и постапки што следуваат кои кога ќе добијат поголема јавност ќе предизвикаат лавина која не само што тешко што ќе може да биде запрена, туку ќе донесе и многу, многу поголеми последици.

Па дури и завршниот апел на Богоев во спомената колумна на почетокот на овој текст, кој не предизвика никакво внимание во јавноста, е очајнички со повикот „Вклучете се и помогнете. Подобро да се спречи, отколку да се лечи!“.

Да не ги набројувам, но имало стотици случаи кога портпаролите на СДСМ, а и другите високи членови задолжени за комуникацијата на ставовите и политиките на партијата, излегувале и ги засилувале пораките на нивините колеги.

Сега – општ молк. Ало СДСМ? Има ли некој? Дали мислите дека “Гласавте – гледајте” е државничка порака?

Добро, во ред, ударот што го доби партијата на изборите е удар за класичен „нокдаун“, но не може да биде фатален или да предизвика состојба на летаргија, на очај или на депресија.

Една моја колешка вели дека молкот на СДСМ е порака до гласачите „гласавте, епа сега гледајте“: Како и да ја толкувате таа позиција, ако е таква, таа е целосно погрешна.

Поразот на СДСМ не може да биде алиби за позицијата „гледај си, свиркај си“. Прво, тоа не е позиција којашто ѝ приличи на партија која претендира(ше) на прогресивност и на „нема откажување“.

Таквата позиција е поразителна и погубна. Таквата позиција само ќе им даде крилја на првите чекори за враќање на авторитарниот режим кои веќе ги гледаме.

Наместо да биде свечен чин за сите, инаугурацијата на новата претседателка дополнително ги подели граѓаните и јавноста и ги предизвика регионалните односи со соседите засновани на меѓународни договори.

Тоа не може да се премолчи.

Да, точно е. За потресот што го доживеа СДСМ треба рехабилитација и СДСМ не е само Центарот за комуникации туку пред сѐ политичките чинители таму. Но, тоа не е причина политичарите да молчат, зашто освен Зоран Заев, кој веднаш реагираше, и вчера Славјанка Петровска, никој друг немаше реакции на инаугурацијата на новата претседателка.

Не може да се премолчи ниту најавата за милијардата евра заем кој ќе го земе ВМРО-ДПМНЕ и кој го прикажува како голем економски потег, кога се знае дека тоа ново задолжување повторно ќе падне на плеќите на граѓаните. Демек ќе го исполнат ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари со позајмени пари, кои ќе ги враќаат, кој друг ако не – пензионерите и граѓаните. Секако нема да ги враќа Мицкоски и останатите во новата влада.

Како да се премолчи повикот на Мицкоски „вестите да почнуваат си успесите на владата“ веќе премолчува водителот на интервјуто.

Како да се премолчи дека претседателката на државата порачува дека „не може да очекуваме таа да го критикува Мицкоски на јавна сцена“? Тој, пак, повтори дека негово лично право било да не го употребува уставното име на државата.

Има(ше) и ќе има, очигледно, уште многу прилики за реакции, но СДСМ не може да очекува дека нивната битка да ја бијат некои други. Како претходно.

Како во перидот од 2008 до 2017, Македонија и нејзините граѓани се исправени пред многу сериозен, многу сериозен предизвик за нашите европски перспективи и стратешките интереси да бидат пренасочени во насоки кои одамна ги отфрливме како опција и кои, вусшност, никогаш не биле алтернатива.

Сега пред очите ги гледаме првите сцени од репризата на 2008 година, кога наместо да го прифати континуитетот на подготовките и реформи за забрзување на процесот за членство во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ го сврте курсот и ја зароби државата и ја оттргна од тие процеси.

Граѓаните на Македонија се спротивставија на овие погубни политики и си ја вратија државата назад. Со таа граѓанска поддршка Владата предводена од СДСМ за само една година со храбрата одлука за Преспанскиот договор, ѝ го обезбеди на државата членството во најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и во 2022 година ги започна преговорите со ЕУ.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ракоплескаа на овие големи постигнувања и го демнееја моментот кога ќе бидат во состојба повторно да ги отворат затворените прашања.

Имајќи го сето тоа предвид, премногу е опасен молкот и летаргијата на СДСМ. Едно се подготовките за отчетен конгрес, а потоа и за внатрешнопартиски избори, но сосема друго да остави чист политички простор за дејство на опонентите.

СДСМ мора веднаш проактивно да делува, паралелно со процесот на консолидација којшто повторно ќе ја издигне над предизвиците и искушенијата и да се сообрази со духот на времето и со пораките на граѓаните. Да не се дозволи дополнително фракционирање на социјал-демократското јадро кое, за жал или за среќа, е единственото од кое зрачи некаква модерна, либерална и прогресивна идеологија.

Не смее да постои отпор и за генерациска промена со поддршка на искусните и прекалени борци кои треба да ја преземат одговорноста, но да не ѝ се препуштат на летаргијата.

Зоран Бојаровски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.