Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алоѓозовски го претстави буџетот на Министерството за 2018 година

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за култура, Роберт Алоѓозовски, на прес-конференција денеска го претстави Предлог-буџетот за 2018 година и неговите клучни аспекти.

Како што рече тој со буџетот за 2018 година, Министерството ги крати мегаломанските и непродуктивните трошења, а вложува повеќе пари директно во културата и уметноста, обезбедува подобри услови за работа на сите уметници, културни работници и стручњаци од јавниот културен сектор и слично.

Вкупниот буџет на Министерството за култура за 2018 година изнесува 4 милијарди 268 милиони и 497 илјади денари, односно околу 69 милиони и 406 илјади евра, што претставува зголемување од 4.48% во споредба со лани.

Во вкупниот буџет на Република Македонија, буџетот на Култура учествува со 2 %, што е процентуално најголем културен буџет споредено со земјите од регионот.

Околу над 92% од планираните средства од вкупниот буџет на Министерството за култура се предвидени за финансирање на дејностите од областа на културата, додека околу 8 % се предвидени за трошоците на администрацијата на Министерството за култура.

„Споредено со лани, за трошоците на Министерството годинава предвидовме над 112 милиони денари помалку, додека за директно финансирање на дејностите и проектите во културата за 2018 се предвидени над 200 милиони денари повеќе“, рече Алоѓозовски.

За сервисирање на обврските за изградбата на Македонската филхармонија Министерството од буџетот издвојува 15 отсто, или 600 милиони денари, а 13 % ќе се потрошат за изградбата на Албанскиот Театар во Скопје и Театарот и Библиотеката во Тетово.

За драмска дејност се издвјуваат  12 %, додека 11 % за заштита на културното наследство.

Од буџетот, 9 % се наменети за музичка и сценско – уметничка дејност, 7% за фолклорна и сценско – уметничка дејност, 6.9% за музејската дејност, 6.3% се за блок-дотации до единиците на локалната самоуправа, а околу 4 % или 154.5 милиони денари за Агенцијата за филм.

За драмската дејност зголемен е вуџетот за разлика од претходниот, додека за заштита на културното наследство за 21 %.

„Во делот на капиталните проекти, ќе инвестираме 10 милиони денари во реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, а обезбедивме 10 милиони денари за изградба на Спомен обележје на Тоше Проески. Освен тоа, обезбедивме дополнителни 70 милиони денари за сервисирањето на долговите за изградбата на Македонска филхармонија со што ја спречуваме опасноста од напластување на долговите и каматите на штета на буџетот“, рече меѓу другото Алоѓозовски.

Тој потенцираше дека со буџетот за 2018 година, се става крај на проектот Скопје 2014, и дека нема да има понатамошни средства за овој проект, кој што го одбележа владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во јавноста важи за иницијатор на проектот.

буџет министерство за култура Роберт Алоѓозовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.