Марсел Хиршер триумфира на првиот слалом во новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Австриецот беше најдобар во Леви и со време од 1:44,67 минути ја забележа 19 победа во најтехничка дисциплина, вкупно 40 во кариерата. Второто место го освои неговиот сонародник Михаел Мат со резултат 1:45,97 минути, на третото место заврши Манфред Мелг од Италија (1:45,98 минути).
Хиршер е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп со 180 бода пред Французинот Алексис Пинтуро со 124 и Германецот Феликс Нојројтер кој досега собра 110 бода. Наредната слаломска трка во машка конкуренција е закажана на 11 декември во Вал д’Изер.
Резултати од машкиот слалом во Леви, Финска
Марсел Хиршер (Австрија) 1:44,67 минути
Михаел Мат (Австрија) + 1:30 мин.
Манфред Мелг (Италија) + 1:31 мин.
Феликс Нојројтер (Германија) + 1:41 мин.
Мануел Фелер (Австрија) + 1:48 мин.
Матијас Харгин (Шведска) + 1:57 мин.
Дејв Рајдинг (В. Британија) + 1:57 мин.
Фриц Допфер (Германија) + 1:63 мин.
Лука Ерни (Швајцарија) + 1:63 мин.
Јонатан Нордботен (Норвешка) + 1:68 мин., итн.
Генерален пласман во Светскиот куп
Марсел Хиршер (Австрија) 180 бода, Алексис Пинтуро (Франција) 124, Феликс Нојројтер (Германија) 110, Михаел Мат (Австрија) 80, Манфред Мелг (Италија) 60, Жан Крањец (Словенија) 50, Мануел Фелер (Австрија) 45, Тед Лигети (САД) 45, Томас Фанара (Франција) 40, Матијас Харгин (Шведска) 40, Дејв Рајдинг (В. Британија) 40, итн.