Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алтернатива бара од Пендаровски да не го потпишува барањето за помилување на Бобан Илиќ

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 13:20

Алтернатива побара претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува помилувањето на Бобан Илиќ, казнет за прегазувањето на малиот Алмир Алиу кој почина на 25 јуни 2016 година. 

– Бараме од претседателот на државата да не го потпише ова помилување. Ова не би требало да се случи не само поради тоа што со помилувањето убиецот се амнестира, туку и поради тоа што ова спаѓа во случаите кои ја разнишале тешко меѓуетничката доверба, па помилувањето на казнетиот ќе ја продлабочи уште повеќе не само недовербата во институциите на правдата, туку и кон институцијата претседател на државата, а ќе влијае и на меѓуетничките односи на нашата земја, вели Нурџан Асановска од Алтернатива.

Партијата бара од премиерот Заев да го потсети неговиот министер Маричиќ дека на 5 декември тој потпишал договор за соработка со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, во која една од точките била и согласноста Владата на Република Северна Македонија да побара од Европската комисија да врши меѓународна истрага на судските случаи за кои постои основа на сомневање дека има политички импликации а меѓу кои е и случајот на малиот Алмир.

На новинарско прашање дали ќе гласат за новата влада ако дел од неа е министерот Маричиќ, партискиот портпарол Орхан Муртезани рече дека она што во моментов ги интересира е повлекувањето на иницијативата за помилување на Илиќ, бидејќи, како што додаде, сметаат дека тоа е случај кој отвора многу сомнежи и според нив тој случај треба повторно да се разгледа. Посочи дека за се останато останува да се разговара кога ќе дојде времето за формирање на Влада.

Алмир Алиу Бобан Илиќ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.