Алтернатива вечерва ги токми идните тројца министри, заменици и други функционери кои ќе бидат предложени како кадровски решенија од оваа партија во новата Влада.

На состанокот кој почна вечерва околу 18 часот Африм Гаши треба да ги предложи идните функционери, а доколку нема забелешки на изборот, членовите на Централното претседателство треба истите да ги потврдат.

Според најавата, Беким Сали се очекува да биде потврден од Централното претседателство за министер за здравство, Адмирим Алити за администрација и информатичко општество, додека за министер без ресор задолжен за дијаспората во игра се двајца кандидати.