Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аманет од маргинализираните, болните, малтретираните

0
By Менче Атанасова Точи on December 6, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 6, 2016 11:57

Не покажаа дека има надеж за немоќните, тие што живеат на маргините. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не се обврзаа на ништо, сега пред избори кога им беше дадена можност да покажат дека има добра волја за решавање на некои горчливи проблеми. Не подадоа рака на немоќните, болните, тие со посебни потреби, жените кои секојдневно трпат семејно насилство. Не се заинтересираа за децата со аутизам, глувите, слепите, за тешко болните на кои им требаат современи лекови, на тие што треба да се лекуваат во странство, за превенција од ХИВ и други болести. Скратија многу буџети кои беа наменети за превенција на одредени болести, направија хаос со инсулините, со индиски и турски лекови за карцином.  Иако во нивните програми има се и сешто, јавно не се обврзаа дека ќе решаваат дел по дел од проблемите заедно со граѓанскиот сектор.

Граѓанските организации кои работат на правата на одредени категории граѓани, обединети во различни платформи, сакаат да бидат на чисто со политичарите и партиите. Поучени од досегашното искуство одлучија да ги натераат партиите да се обврзат на решавање на клучните прашања, со потпишување на Декларации.

И сето тоа се случува изминатите денови и недели, непосредно пред парламентарните избори. Но, што се случува?

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не ги потпишаа  декларациите со граѓанските организации со кои како политички партии се обврзуваат во иднина да работат на решавање на многу важни прашања. Или не сакаат да ги решат или не љубат да соработуваат со граѓански организации.  Друго нема. Но, дали се свесни дека тие граѓански организации повлекуваат зад себе категории граѓани за кои државата не се погрижила или многу малку се грижела до сега.

Овие две партии не ја потпишаа Декларацијата  за спречување и борба против семејното насилство, која за разлика од нив ја потпишаа 17 партии. Од ВМРО ДПМНЕ не се ни потрудиле да одговорат на повикот, ДУИ ветиле, ама не дошле да потпишат. Значи ли ова дека воопшто не ги интересира и не сакаат да го решат проблемот со насилството врз жената? Насилство, кое го има секаде и не бира по вера и нација. Тоа што минатата година се затворија сервисите за помош и покрај порастот на жртви на семејно насилство е мала шега, нели? Ете, толку се грижат за 50 проценти од своето население додека секоја трета жена е жртва на некаква форма на насилство. Затоа нивните претставнички се изјаснија дека жените нема да гласаат за партија која нема да се бори против семејното насилството врз жената.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не се обврзаа да го сменат Законот за прекинување на бременоста кој беше донесен во  2013 та година. Тие не ја потпишаа и оваа Декларација. По серија регистрирани случаи во кои беа изложени на ризик здравјето и животите на многу жени, по бројните реакции на граѓанските организации, стручните лица, препораките на организациите за човекови права на ОН, забелешките на Европската комисија дека законот ќе стимулира нелегални абортуси, Владата и Министерството за здравство не презедоа  мерки за да направат измени. Во Декларацијата која ја потпишаа 10 партии, меѓу кои не се ВМВРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, се побара по парламентарните избори да се обврзат да направат измени во законот во делот за пристапност до абортус, поголема транспарентност и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуките, почитување на препораките на СЗО и меѓународните документи за човекови права. Да, жените знаат дека тие тоа не сакаат да го сторат.

Оваа Владата предводена од овие две партии не се обврза да го коригира буџетот за превенција од ХИВ кој за 2017 та година е намален за 60 проценти. Тоа што постои реална опасност заради скратениот буџет за шест месеци до една година да избие епидемија на ХИВ/СИДА, власта очигледно не ја засега. И доколку дојде до тоа, што мислат, одговорноста чија ќе биде?

Досега се инвестираше во споменици, во барокни згради, но не и на децата со аутизам, на  лицата со хендикеп, тие што имаат посебни потреби. Не се мислеше на тоа,тие да имаат  пристап до болниците, да има кој да ги пречека и упати понатаму, пристап до гинеколошките ординации, до институциите.  Наместо да ги стимулираат да студираат и да се вработуваат, најголем дел од нив се затворени дома, без можност да ги остварат своите основни човекови права, да го живеат животот.

„Сакам да се омажам, да имам семејство“, ми рече деновиве една девојка со посебни потреби, кога ја посетив во нејзиниот дом каде што живее изолирана од надворешниот свет.

Таа си ги знае своите потребите, но општеството не ги почитува. Изолирана е без можност за дружење. Не можела да се школува заради благиот ментален хендикеп, но многумина кои сакале и можеле да студираат на пример, не се осудиле заради тоа што системот не е прилагоден на нив.

Се садеа палми, се ставаа барокни фасади, се организираа балови, роуд шоуа, се трошеа милиони,  а не се погрижија за квалитетно лекување на пациенти од многу тешки болести. Квалитетниот лек секогаш е заменет со евтин, далеку од оригиналот. Пациентите дел знаат за тоа, дел не знаат. Ама си ги пијат лековите зашто нема подобро, немаат избор, а се плашат да не останат и без нив. Сега имаат- да притиснат, да побараат партиите да се обврзат за решавање и почитување на нивните права, да стават свој потпис. Да се отвори ново поглавје. Аманет, за идната Влада која и да е, да почне од нив. Од маргинализираните, болните, малтретираните. Да го направи сето тоа што оваа Влада пропушти да го направи.

 

 

болни маргинализирани политички партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.