Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката Дир: Зеленски го потпиша указот со кој на Џабир Дерала му се доделува Орден за заслуги

0
By Gabi Tocko on September 26, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Пред почетокот на конференцијата „Украина, година на хероизмот“, амбасадорката Лариса Дир и Џабир Дерала, 24 февруари 2023
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 26, 2023 18:33

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го потпиша Указот со кој на водечкиот македонски новинар Џабир Дерала му се доделува државната награда Орден за заслуги, објави украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир на платформата Х.

Таа истакна дека Дерала се одликува за неговата високо професионална работа во обезбедување вистинити информации за руската агресија против Украина и спротивставување на руските дезинформации.

Претседателот на@ZelenskyyUa потпиша Указ со кој на водечкиотновинар @XhabirDeralla му се доделува државната награда Орден за заслуги
Обезбедување вистинити информации за агресијата на рф, спротивставување надезинформации-работа на високопрофесионалниот новинар г-дин Џабир! pic.twitter.com/0ZVpuypMwr

— Larysa Dir (@dir_larysa) September 26, 2023

Претходно, како што соопшти ЦИВИЛ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со Орден за заслуги, Со истиот Указ, со Орден за заслуги се одликувани и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

На списокот на добитници на ова високо државно признание од Претседателот на Украина се наоѓаат и низа политички, научни и општествени дејци од целиот свет.

„Ова признание го доживувам како потврда за мојата работа и мојата посветеност кон обелоденување на вистината за трагичните последици од бруталната руска агресија против демократска и слободољубива Украина, наспроти жестоката пропаганда со дезинформации од кои страда и нашето општество. Сакам да се знае дека ова високо и за мене драгоцено признание го сметам како заслуга и признание за сите мои колешки и колеги во ЦИВИЛ, како граѓанска организација и како медиумска платформа, како и во Фронтлајн, каде што сум уредник. Ова високо одликување Претседателот на Украина е наша заедничка заслуга! Слава Україні!“, рече Дерала пред колегиумот кој се собра да му честита на својот колега.

Актуелната амбасадорка на Украина, Лариса Дир, вчера објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ѝ ја додели државната награда – Орден на принцезата Олга, од прв ред.

Дерала Дир Зеленски Орден за заслуги потпишан указ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
ФОКУС
March 28, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

ВЕСТИ March 28, 2026

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината…

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026

Израел погоди нуклеарни објекти во Иран

March 27, 2026

Њујорк Тајмс: Трамп ја крие вистината за војната против Иран

March 27, 2026
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.