Published: Wednesday, February 23, 2022 20:25
Американската амбасадорка во Обединетите Нации (ОН), Линда Томас-Гринфилд, денеска на Генералното собрание на ОН кажа дека руската инвазија на Украина може да создаде до пет милиони нови бегалци.
„Доколку Русија продолжи по овој пат, може да дојде до нова бегалска криза, една од најголемите со кои се соочува светот денеска“, рече Томас-Гринфилд во ОН.




