Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амди Бајрам ги обвини СДСМ, Дудуш и Мустафа за тепањето на син му

4
By Влатко Чаловски on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на Сојузот на Ромите и татко на градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам, Амди Бајрам денеска на прес конференција ги обвини СДСМ, пратеникот Курто Дудуш и Неждет Мустафа дека биле нарачатели на нападот врз неговиот син, кој синоќа беше претепан во населбата.

Како што рече Бајрам, во јавноста многу работи се прикривале, а МВР се обидувало да го претстави случајот  како најобична тепачка. Според него, луѓето кои тој ги посочи најмиле како што рече „некоја позната фамилија“ од Шутка која била позната по насилтво и правеле немири честопати шетајќи со ножеви и со сабји.

На прашањето дали има докази дека посочените биле нарачатели, Амди Бајрам одговори дека Дудуш и Мустафа постојано биле со полицијата за да ги заштитат тепачите. Како пто раскажа лидерот на Сојузот на Ромите, неговиот син бил нападнат откако ги посетувал штабовите на партијата во Шуто Оризари, но на тоа претходел напад на шефот на неговиот кабинет.

Бајрам раскажува дека Елвис бил удрен со метална шипка по што излегле мажи и жени со секири.

Тој се пожали дека дури денеска му дозволиле да го посети својот син во болницата „8 септември“ и увидел дека на градоначалникот на Шутка му бил пукнат черепот. Амди имал кратка комуникација и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој му ветил дека сите изборни инциденти ќе бидат расветлени и затоа го повика веднаш да го расчисти случајот со неговиот син.

Министерството за внатрешни работи преку соопштение денеска информираше дека презема мерки за расчистување на тепачката која се случи вчера на улицата Гвадалахара во населбата Шуто Оризари, а во која повреден беше Елвис Бајрам, градоначалник и кандидат за градоначалник на оваа општина од партијата Сојуз на Ромите.

Од МВР велат дека идентификувани се и повикани на разговор пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување.

Амди Бајрам Елвис Барјам Инцидент Курто Дудуш МВР Неждет Мустафа СДМ тепачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.