Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амди Бајрам собира ромски гласови за ВМРО ДПМНЕ во дијаспората

1
By Нова ТВ on November 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека Амди Бајрам во моментов патува низ Европа и собира ромски гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, партијата во Скопје се труди да ги собере сите ромски партии во една коалиција, а напомош влетувал дури и премиерот Димитриев.

ВМРО-ДПМНЕ работи активно на терен за да ги придобијат сите ромски гласови, а еден од методите е обид да ги преземат во нивната коалиција сите ромски партии. НОВАТВ дознава дека за оваа цел одредени претставници на ромските партии биле повикани дури и во владата на средба со премиерот Емил Димитриев.

Самка Ибраимовски од партијата ЦЕР (Целосна еманципација на Ромите) ги потврди овие гласини. Тој за НОВАТВ изјави дека од владата му се јавиле додека бил на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ми се јави секретарката на премиерот додека седев со Заев. Таа само ми рече дека премиерот сака да се сретне со мене, но не ми ја кажа причината. Отидов на закажаната средба со премиерот и тој ми понуди да влезам во нивната коалиција и ми рече дека ќе биде добро сите ромски партии да се обединат на едно место. Ми вети и работни места за Ромите. Но јас не прифатив. Ќе бидам дел од пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица. Претходно, за да ми го најави ова ми се јави и Амди Бајрам кој ми рече дека ќе ме бараат од ВМРО-ДПМНЕ за да бидам дел од нивната коалиција. Исто така, ми рече дека се наоѓа во Белгија каде што собира гласачи за партијата, ни изјави Ибраимовски.

Потврда за ова побаравме и од Бајрам, кој ни рече дека би било убаво сите ромски партии да се обединат и дека е разочаран што Ибраимовски не прифатил да биде дел од „големата ромска коалиција“.

Јас моментално сум во Брисел, но за партијата работам во цела Европа и не работам сам, работиме 40 луѓе. Има 2.700 гласачи Роми пријавени за гласање. Многу сакав да се споиме со Самка, тој не ми е непријател. Мислам дека подобро за Ромите ќе биде ако сите партии се обединиме и морам да ви кажам дека сум разочаран што тој не прифати, затоа што неговата иднина е со нас. Јас му мислам само добро на Ибраимовски, ни одговори Бајрам.

Одговор за ова побаравме и од Владата, но од таму не добивме никаков одговор.

Извори од ромската заедница во Брисел за НОВАТВ велат дека Бајрам активно лобира во Белгија и Германија, особено во Брисел и Дизелдорф каде има многу Роми. Бајрам оранизира екипи свои луѓе. Кои одат од врата на врата, бараат копии на личните карти на Ромите. Прво ветуваат работни места за нивните семејства во Македонија во манирот “јас ќе ти завршам работа”, делат пари а потоа, ако не им се одговори позитивно, се закануваат, вели нашиот извор кој не сакаше да биде именуван. Им се ветува и легализација на дивоградби во Шутка, вели изворот за НОВАТВ во Брисел.

Според него, екипите на Бајрам се поделени регионално, по македонски градови каде што има ромско малцинство. Денеска е најжестокиот ден кога до вечер до полноќ тие мораат да се пријават за гласање во амбасадите. Тие треба да гласаат за кандидатот на власта од дијаспората.

 

 

Амди Бајрам ВМРО-ДПМНЕ гласачи Избори 2016 Роми Самка Ибраимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.