Published: Friday, November 14, 2014 14:36
Агенцијата на министерството за правда на САД собира податоци од илјадници мобилни телефони на Американци, на цивилното население и на осомничени криминалци, пишува весникот >>„Волстрит џурнал“.
Програмата на Федералната служба на САД е активна од 2007 година. Таа користи авиони „Цесна“, кои летаат од најмалку пет големи аеродроми и покриваат поголем дел од населението на САД, наведува весникот.
Авионите користат системи на компанијата „Боинг“ кои имитираат сигнали на телефонски кутии, кои се користат од големите мобилни оператори, што ги пресретнува мобилните телефони и им ги открива податоците.
Направите наречени „валкани кутии“, може да собираат информации од десетици илјади мобилни телефони со еден потег, а летовите се вршат дневно.




