Published: Monday, October 10, 2016 12:21
Американецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холстром се годинешните добитници на Нобеловата награда за економија, соопшти Кралската академија на Шведска.
Наградата им се доделува за придонес во договорната теорија.
– Нивната работа претставува интелектуален темел за востановување на политика и иституција во многу области, почнувајќи од законот за стечај до политичките устави, се наведува во образложението на Комитетот за доделување на наградата, вредна осум милиони шведски круни (928.000 долари).
Признанието за економија, кое официјално се вика Награда на шведската Риксбанка за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел, востановена е во 1968 година.
Оваа награда не беше дел од оставштината на научникот и филантроп Нобел од 1895 година.




