Михаела Шифрин испиша историја на Светското првенство во алпско скијање во Оре. Американката победи во денешниот слалом и стана прва скијачка со четири златни медали во иста дисциплина во низа на мундијалите.
За Шифрин ова е трет освоен медал на СП во шведскиот зимски центар. Претходно победи и во супервелеслалом и заврши на второто место во велеслалом.
Додека девојките водеа битка за распределба на медалите во Оре, се одржаа и квалификациски трки во слалом во машка конкуренција. Во нив настапија и четворица македонски претставници од кои два ги комплетираа двете возења.
Дардан Дехари на крај го освои 43. место, Виктор Петков забележа 57. време додека Антонио Ристевски и Лука Божиновски не успеаја до целната рамнина во второто појавување на патеката.