Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американската борбена флота заплови кон Сирија

0
By Нова ТВ on September 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 2, 2013 12:30

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон, Нимиц и бродови од негова борбена придружба, се упатија на запад кон Црвеното Море за да дадат поддршка за можен американски ограничен воен удар врз сирискиот режим.

Борбената придружба во која се четири разурнувачи и еден крстосувач засега нема специфична напредба да замине во источниот дел од Средоземното Море, но се движи кон Арапското Море за да биде во случај на потреба, поблиску до Сирија.

Американската морнарица двојно ги зголеми своите капацитети во источниот дел од Средоземно Море, каде сега се пет разурнувачи кои заедно имаат 200 проектили Томахавк.

Флотата на Нимиц беше во Индискиот Океан каде даваше поддршка за операциите во Авганистан и требаше да се врати во САД откако беше неодамна заменета од носачот на авиони Хари Труман.

Официјален Дамаск побара денеска од Обединетите нации да спречи секаков вид на агресија врз Сирија, откако американскиот претседател Барак Обама повика на напад на сириската армија како одговор на наводните напади со хемиско оружје.

Сирискиот претставник во ОН Башар Џафари во писмо до генералниот секретар Бан Ки-мун и претседавачот со Советот за безбедност на ОН Марија Кристин Персевал го повика генералниот секретар да го преземе својот дел од одговорноста во спречување на секаков вид агресија врз Сирија и да продолжи со напорите за постигнување политичко решение за кризата во земјата, објави сириската државна агенција САНА.

Официјален Пекинг денеска соопшти дека е многу загрижен подари можноста од еднострана воена интервенција на западните сили во Сирија.

– САД им ги претставија своите докзаи на Кина за употреба на хемиско оружје во Сирија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи.

Официјален Пекинг наведува дека „ниту една страна не треба да брза и да ги прејудицира резултатите од истрагата на инспекторите на Обединетите нации за хемиско оружје, кои би требало да извршат објективна и непристрасна истрага во соработка со сириската Влада“.

Администрацијата на претседателот Барак Обама вчера организираше неколкучасовен брифинг за стотина членови на Конгресот, во кој ги претстави доказите со кои располага за вмешаноста на режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад во нападот со хемиско оружје во близината на Дамаск на 21 август.

Претседателот Обама и државниот секретар Џон Кери, за доказите, рекоа дека се сигурни и не оставаат простор за сомнеж дека бил употребен гасот сарин. Сепак, дел од конгресмените, по брифингот воден од заменикот советник за национална безбедност Тони Блинкен во големата конференциска сала под Конгресот во Вашингтон, се изјаснија дека имаат резерви кон барањето на претседателот Обама за напад врз Сирија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.