Поради пожарот илјадници луѓе од долината Мора, околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација.

– Силниот ветер го разнесува жарот на повеќе од 1,5 километри и го шири пожарот што на 6 април изгоре 303 квадратни километри од планината Сангре де Кристо, уништувајќи стотици домови и згради. Изгледа многу страшно. Со оглед на брзината на ширење, за нас е многу тешко да постигнеме каква било контрола на пожарот, изјави командантот на силите за помош при природни катастрофи Карл Швопе.

Пожарникарите предупредуваат дека денеска ќе има ветер од јужен правец и оти огнот ќе се шири кон селото Мора, кое има 14.000 жители, како и кон градот Лас Вегас.

Експертите наведуваат дека шумите и долините се суви поради екстремната суша која трае повеќе од две децении.