Published: Wednesday, November 29, 2017 17:09
Мет Лауер е отпуштен од „Ен-би-си њуз“ откако вработена се пожалила за негово „непристојно сексуално однесување на раобтното место“ – соопшти медиумот.
Савана Гатри го започна денешното „Тудеј шоу“ со зборовите „нашите срца се скршени“.
Шоуто е едно од најпопуларните и најпрофитабилните франшизи во Америка. Лауер беше столб на програмата две децении.
Оваа информација иако беше шок за гледачите, не беше изненадување за неговите колеги кои знаеле дека се води истрага за неговото однесување.




