Во американскиот Конгрес се појавија сериозни критики. Демократскиот сенатор Рубен Галего од Аризона јавно порача дека станува збор за „незаконска војна“, оценувајќи дека интервенцијата нема уставна основа.
Галего, кој е ветеран на Американскиот марински корпус и учествувал во војната во Ирак, напиша на социјалните мрежи дека ова е „втората неоправдана војна“ што ја доживеал во својот живот.
Неговата изјава предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за законитоста на американските воени интервенции без формално одобрение од Конгресот.
Слични сомнежи изрази и републиканскиот сенатор Мајк Ли од сојузната држава Јута.Тој нагласи дека со интерес очекува објаснување што, доколку воопшто постои, би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на официјална објава на војна или одобрение за употреба на воена сила.




