Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски сојузен суд го одби барањето на Трамп – ќе се објавуваат документите за кои тврдеше дека се тајна

0
By Mirjana on November 10, 2021 СВЕТ
Photo:Shutterstock
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американски сојузен суд  синоќа му дозволи на Претставничкиот дом на САД пристап до стотици страници доверливи документи од времето на претседателствувањето на Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние за нападот на Капитол на 6 јануари.

Со оваа одлука судијката Тања Чуткан ги запре обидите на поранешниот американски претседател да ги зачува во тајност повеќе од 700-те страници документи.

Адвокатскиот тим на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката, јави Си-Ен-Ен.

Според одлуката на судијката, Националниот архив во петок на пратениците треба да им ги предаде бараните записници од телефонските повици во Белата куќа, видеата поврзани со 6 јануари, како и три страници рачно напишани белешки на тогашниот шеф на кабинет на Трамп.

„Претседателите не се кралеви, а обвинителот не е претседател“, напиша Чуткан.

Чуткан наведе дека барањата на поранешниот претседател немаат предност пред одлуките на актуелниот претседател за заштита на привилегираните информации на извршната власт и дека претседателската привилегија „постои во корист на Републиката, а не на поединецот“.

Претставничкиот дом пред судот наведе дека Трамп нема право да чува доверливи документи од времето на неговото претседателствување и дека таа документација им е потребна на пратениците за да ги реконструираат дејствијата на Трамп од 6 јануари и неговите обиди да го поткопа легитимитетот на изборите во 2020 година

САД Суд ЌЕ СЕ ОБЈАВУВАТА ТАЈНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ТРАМП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.