Американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, е во стабилна состојба по нападот со нож, што врз него го изврши маж што извикувал “Северна и Јужна Кореа треба да се заедно”.
Стејт Департментот го осуди нападот, што се случи во галерија во центарот на Сеул, каде амбасадорот требало да одржи предавање за перспективите на мирот во поделената Кореа.
Според Стејт Департментот Липерт е во стабилна состојба по операцијата извршена во сеулска болница, а раните не биле животно загрозувачки.
Нападот дошол ненадејно, вели сведок. „Човек со нож во рацете викајќи се нафрли на Липерт во моментот кога беше послужена супата на доручекот и почна да го сече“, вели Ким Јонг-ман, портпaрол на групата која го орgанизирала појадокот, Корејскиот совет за соработка. Друг сведок вели дека Липерт станал да се ракува со некого, а напаѓачот го соборил на земја и почнал да го сече со нож.
Напаѓачот извикувал антивоени пароли и кога полицијата го приведувала, а нападнал со нож долг 25 сантиметри.



