Претседателот на Сирија, Башар ал Асад мора да си замине од власт, а кога ќе се случи тоа треба да биде договорено со преговори, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
Според Кери, заминувањето на Асад од власта не мора да се случи за еден ден или еден месец, туку во процес во кој сите страни ќе постигнат согласност за тоа.
Тој ја покани Русија да “да го донеси на маса“ сирискиот претседател.
– Ние сме подготвени за преговори. Но, дали Асад е подготвен да преговара на вистински преговори. Дали е Русија подготвена да го донесе на преговарачката маса, праша Кери на заедничка прес-конференција со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд во Лондон.
Кери ги повика Русија и Иран да го искористат своето влијание врз Дамаск и да го убедат Асад да се согласи на преговори со опозицијата.




