Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот Сенат усвои закон кој предвидува и 901 милијарда долари за одбрана и безбедност на Европа

0
By Zoran Ivanov on December 17, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска со големо мнозинство усвои закон за национална одбрана вреден 901 милијарда долари и го испрати во Белата куќа на потпис.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе изјави дека ќе го потпише законот, со што тој ќе стапи во сила.

Сенатот го одобри предлог-законот со 77 гласа „за“ и 20 „против“, со поддршка од двете партии. Претходно, минатата недела, законот беше усвоен и во Претставничкиот дом.

Со законот се предвидуваат рекордни воени трошоци, меѓу кои и зголемување на платите на воениот персонал за четири проценти, инвестиции во вооружување и мерки за зајакнување на конкурентноста на САД во однос на Кина и Русија.

И покрај Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на Трамп, објавена претходно овој месец, и преиспитувањето на односите со Европа, законот содржи одредби за јакнење на безбедноста на европскиот континент.

Во него се предвидуваат 800 милиони долари за Украина – по 400 милиони долари за секоја од следните две години. Средствата ќе се доделуваат преку механизам со кој се финансираат испораки за Киев од американски компании за производство на оружје.

Законот предвидува и 175 милиони долари за Балтичката безбедносна иницијатива, наменети за поддршка на одбраната на Летонија, Литванија и Естонија. Со законските одредби се ограничува можноста бројот на американските војници во Европа да се намали под 76.000, а истовремено се забранува командантот на американските сили во Европа да се откаже од функцијата врховен командант на НАТО.

Предлог-законот не ја вклучува идејата за преименување на Министерството за одбрана на САД во Министерство за војна, предлог што претходно го лансираше Трамп. Сепак, во текстот е вклучена одредба со која им се забранува на трансродови жени да учествуваат во женски спортски програми во рамки на воените академии.

 

нафта руска САД Сенат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025
ФОКУС

Брисел: ЕУ – Западен Балкан – Декларација за проширување

ВЕСТИ December 17, 2025

Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни…

Берлин: Детали за планот на Западот – ако Русија повторно нападне, „Томахавк“ и „Ф35“ ќе полетаат од базите на НАТО

December 17, 2025

Копенхаген: Данска ги објави заклучоците: Европа чека потези, а не изговори од Скопје

December 17, 2025

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

December 16, 2025
ТИКЕР

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.