Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот течен природен гас ја урива цената на рускиот енергенс во Европа

0
By Mirjana on December 26, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
PHOTO: SHUTTERSTOCK
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Снабдувањето на Европа со енергенси се претвори во вистинска битка и натпревар меѓу американските производители со руски „Гаспром“. Се почестите вести за тоа дека американските извозни терминали работат со полн капацитет, ја потврдуваат оваа теза.

Како што пишува „Политика“, можеби сепак не е се во сибирскиот гас, нагласувајќи ги берзанските движења за последните два дена од минатата недела на европската енергетска берза во Холандија која ја урна цената на гасот на околу 1.300 долари , за разлика од пред неколку дена пред тоа, кога чинеше 2.120 долари за илјада кубни метри.

Драматичниот пресврт, се случил кога била лиферувана информација дека најмалку 30 американски танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) пловат кон Европа. Односно од 76 американски ЛНГ карго бродови , моментално во транзит во светското море , десет со вкупен товар од околу 1,6 милиони кубни метри енергенс, веќе пријавиле дека се насочуваат кон Европа, додека уште 20 со околу 3,3 милиони кубни метри ЛНГ, делуваат како да го преминуваат Атлантикот на пат кон Ротердам, Гибралтар и другите пристаништа во Европа, пренесува Блумберг, пишува „Политика“.

Новиот курс на американските пловечки грдосии, како што пишува весникот, кои транспортираат ЛНГ, предизвика рекордна разлика во цена, која европските муштерии сега се подготвени да ја платат, во однос на довчерашните конкуренти во Азија. Имено за товар ЛНГ кој се мери по милион британски термални единици, Европјаните се подготвени да платат 24 долари повеќе отколку азиските ривали.Истовремено овој гас во САД, чини 14 пати помалку. Европјаните сега не прашуваат толку за цената на американскиот ЛНГ . Еден танкер од САД кој пловел кон Азија на 15 декември се завртил на сред Индискиот океан назад кон Суецскиот канал, а ова на Волстрит било протолкувано како промена на курсот на пат кон Европа, објавил „Волстрит џорнал”. Меѓутоа , кога американските ЛНГ танкери ќе стигнат до Европа и која цена ќе ја достигнат по претоварот, засега е неизвесно.
И додека најавениот прилив на американкиот ЛНГ донесува извесно олеснување внатре во ЕУ, кавгата со Русија не запира. Во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека сибирскиот енергенс кој пристигнува од гасоводот „ Јамал“ преку Белорусија и Полска во Германија, последните денови станал предмет на скапи препродажби по повеќекратно повисоки цени.

– Ја сменија рутата на движење на сибирскиот гас преку гасоводот „Јамал“ наназад.Со други зборови, по пристигањето во Германија-назад во Полска. Зошто? Едноставно, затоа што ние и испорачуваме гас на Германија по цдена склопена со долгорочни договори и таа цена е 4,6 па дури и 7 пати пониска од оние на дневните берзи, истакна Путин.

Во меѓувреме Агенцијата ТАС објави дека препродажбата на милијарди кубни метри гас би можела на инволвираните да им донесе заработка од фантастични  900 милиони долари, пишува „Политика“.

Путин оваа препродажба  цени дека се насочува кон Украина и дека станува збор за 3 милиони кубни метри енергенс кој на дневна основа  може да се одлее во правец, спротивен од договорениот тек, зашто во Полска постоел гасен јазол , поради што шефот на Кремљ, бил уверен дека се користи за илегални испораки на гас кон оваа земја.

Во Берлин во петокот беше објавено дека владата постигнала договор за сертификација на гасоводот „Северен Тек 2“. Канцеларот Олаф Шолц, призна дека во минатото имало несогласувања за ова, но дека биле надминати и дека сертифицирањето требало да се одвива според гасниот правилник на ЕУ. Засега не е познато кога ќе се случи сертифицирањето и кој ќе биде клучниот критериум на германската енергетска мрежа, се наведува во текстот на „Политика“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Американски гас Европа Путин сибирски гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.