Повеќе ресторани, помеѓу кои и многу познати места во Вашингтон, денес одлучија да ги затворат своите порти во знак на протест поради политиката на Доналд Трамп кон имигрантите.
Овие ресторани организираат “ден без имигранти”:
“Имигранти без документи, граѓани, имигранти од целиот свет, обединете се!”, може да се прочита на социјалните мрежи во повикот да се поддржи овој штрајк на незадоволство од анти-имигрантската политика на Трамп.
Штрајкот е организиран на социјалните мрежи и го повикува претседателот Трамп да разбере дека без имигрантите САД е парализирана земја.
Ако ги нема имигрантите во американските ресторани нема да може да биде послужена храна, нема да можат да бидат исчистени тоалетите, нема да можат да бидат снабдени ресторанските кујни. Накусо, САД би била парализирирана земја.
Освен во Вашингтон штрајкот ќе биде следен и во Њујорк и Филаделфија.




