Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американци во Скопје

0
By Marta Pesevska on December 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

„Ние сме како стадо диви коњи, со лопатки на очите. Разиграни сме. Во див галоп. Што било, само да го потхранува нередот и насилството. И цело време со пена на усните. Се дереме Алелуја! Алелуја! Зошто? Бог знае. Тоа е во крвта. Тоа е климата. Тоа е многу што. Тоа е и крајот. Целиот свет го набиваме на главата како шешир, да ни ги покрие очите и ушите. Таква ни е судбината. Сѐ друго е обично говно…“

Ме прашаа што би додал на овој мрачен поглед на Хенри Милер од 1933/34 година.

„ВМРО“, реков без двоумење.

Макар што би имал да додадам уште еден куп феномени, процеси и субјекти, светите букви со заврзани очи секогаш би ги извадил како единствениот кур од вреќата полна со вагини.

Хахаха!

Затоа што тоа е така недвосмислено.

И така различно од сѐ друго.

Притоа, јас не мислам само на вмро како дпмне, односно како на партија.

Дури не и само на неа како чиста злосторничка инсталација.

Туку, пред сѐ, мислам на светогледот што таа му го донесе на Македонецот.

Како кисел дожд за елките, како слана за цветот на кајсијата, како радиум за шминка на нашата мајка.

Знам дека звучи патетично, но мислам дека метафората е феноменална.

Светоглед кој го растура организмот.

Месото отпаѓа од коските, коските отпаѓаат од костурот, мозокот се дели на кришки, како интегрален леб за пржење во јајца.

Последиците на груевизмот не се само украдените милијарди туку претворањето на институционалниот систем во минско поле по кое ќе се движат сите следни добри намери.

Во поле за дискредитација и смрт на добрите намери.

Во поле за чие квалитетно деминирање ќе бидат потребни многу храброст, жртви и многу време.

Децении.

Ако оправањето воопшто е можно.

Што се покажа неподносливо за нацијата која нема трпение, широчина и длабочина на погледот.

Нација претворена во кучиња кои трчаат по власта како по коска.

Како вика Милер: Што било, само да потхранува неред и насилство.

Со пена на усните.

Секогаш оправданата критика на власта за многу политики и прашања, се претвори во генерална и неселективна агресија обоена со неверојатна стрв.

Проекција на причините за сите несреќи.

Но, како што можеме да видиме, тоа што се растура не е власта, туку општеството.

Власта ќе падне само како резултат на мртвото општество.

Затоа што во меѓувреме тоа се декапацитира да урне и едно пластично столпче околу велосипедските патеки во Скопје.

Заедно со државата и заедно со нацијата на која постоењето на Македонија и нејзиниот статус ѝ се видоа како мала компензација за нејзините заслуги и таленти.

И затоа од Музејот на револуционерната борба против слободата го извади вмро.

Светите букви кои ќе ја исправаат „фаличната и срамна“ комунистичка реализација и ќе ја спасат од мамките и итрините на Европа и од претензиите на Албанците, Бугарите и Грците.

Тоа е суштината.

Корупцијата е хит на сите светски топ листи.

Јас мислам дека во Македонија не го заслужува првото место.

Таму треба да се најде комплексниот процес на внатрешното распаѓање.

Се разбира корупцијата е еден од елементите на тоа распаѓање, но повеќе како последица на распаѓањето отколку како причина.

Мислам дека тоа ниво на приоритети ќе го следи и американската екипа за санкции.

Спречување на внатрешната имплозија, смалување на можностите за надворешни деструктивни влијанија, формулирање на теми за позитивно насочување на интересот и енергијата на граѓаните.

Сѐ се тоа теми кои имаат регионален и геополитички и геостратегиски аспекти, особено на фонот на војната во Украина. Како и на заострувањата на ситуацијата во Косово и околу Косово.

Тој процес на внатрешното гниење кој е стимулиран од надворешни фактори, руски, сигурно, но не само руски, и од внатрешните вморонски бактерии кои ја имаат таа функција, тие си ја работат работата, нема тука никакви грешки, никакви незнаења, сѐ е систематично и методолошки и оперативно разработено до најситните детали, мора да се прекине затоа што Македонија сѐ уште е без алтернатива.

Македонија како држава и како нација е решението на балканското прашање.

Сите други опции се полоши, а повеќето се и катастрофални.

Јас очекувам дека преку интервенции во областа на корупцијата екипата Американци ќе се обидат да извршат пет задачи:

Прво, да постави основи за интервенции и смени во политичките елити.

Кои се одговорни дури и кога не се корумпирани.

Второ, да постави основи за симнување на сите блокади на евроинтеграциските процеси како главна фора на дезинтеграциските процеси внатре.

Трето, да ги афирмира остварените резултати во меѓународната политика на земјата и решенијата на споровите со соседите како основа на напредокот. Со актуелизација на Извршната наредба на претседателот Бајден за сите кои преку негацијата на тие дострели водат кон дестабилизација на земјата и на регионот.

Четврто, да се формулира нов фокус, позитивен фокус на јавноста.

Петто, веројатно ќе стигнат да ја допрат корупцијата во медиумите како комплексен феномен во кој медиумите се само еден инструмент, затоа што таа корупција има најстрашни последици врз општеството и врз капацитетите на државата.

Се разбира дека екипата има материјали кои се доволни да симнат од сцената и да пратат затвор некои сегашни и минати функционери. И да постават основи за селекција на идните раководители врз основа на темата за корупцијата во нивното досие.

Можеби се ова преголеми очекувања.

Ќе видиме.

Јас сакам да им порачам на Американците дека Македонија има два капитални проблема: Медиумите и ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се набиени, пред сѐ, со вредносни и идејни прашања кои ја доведуваат во прашање Македонија како држава, како нација и како општество.

Без интервенции тука, мисијата тешко дека ќе им биде успешна.

Човечките суштества прават чудна фауна и флора. Од далеку, тие изгледаат грозни и злобни. Повеќе од сѐ друго потребно им е да ги окружува доволно простор – простор, дури повеќе отколку време.

Така завршува „Раковиот повратник“.

Ако смеам да додадам: Простор кој ќе обезбеди дистанца меѓу луѓето, не за да се отуѓат, туку за да се спасат од заразата што вмро ја шири. Простор за пристојна дистанца. Европа. Тоа е таа широчина во која ќе можеме да го испуштиме од гаќите пувежот што не усмрдува. Пувежот од гравот на асимилацијата и бугаризацијата и слични идиотизирачки тралалајки, со кои нѐ храни – кој?

Вмро, натурлих.

Златко Паковиќ би рекол дека „Денешниот свет всушност го загуби реалитетот, се има откачено од реалитетот и стана метафора. Сите денеска живееме во метафора и насушно ни е потребно да се вратиме во реалноста, реалноста на свеста, пред сѐ“.

Јас се надевам дека Американците ќе ни помогнат да се вратиме во таа реалност.

Во нашата реалност.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ВМРО-ДПМНЕ вредности ЕУ Корупција реалност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.