Американски разузнувачки лица откриија дека балистички проектили што ги лансирала Русија во Украина содржат изненадување – мамци за „лажење“ на радари на противвоздушна одбрана и ги манипулираат ракетите за топлинска детекција, пишува „Њујорк тајмс“.
„Направите се долги околу еден метар и имаат облик на стрели во бела боја со портокалова опашка. Ги ослободуваат балистичките ракети со краток дострел „Искандер -М“ кои Русија ги истрелува од мобилни лансирни рампи од другата страна на границата“, вели американско официјално лице.
Се додава дека мистериозниот предмет се испушта штом проектилот воочи дека е на нишан на противвоздушната одбрана.
Предметот, како што се наведува, е преполн со електроника и произведува радиосигнали за попречување на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат „Искандер-М“ и содржи извор на топлина за привлекување на проектилите во пресрет.
Разузнувачот, кој не е овластен за јавно да говори за разузнувачки работи, го опиша предметот, но побара да остане анонимен.
Посочените мамци би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската противвоздушна одбрана има проблеми со пресретнување на руските проектили „Искандер“. Одговорот би бил токму во тие мамци кои ја наведуваат противвоздушната одбрана на погрешна трага.
„Искандер“ е балистички ракетен систем со краток домет. Дометот, според спецификација, му е на повеќе од 400 километри.




