Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Амнести: Човечка кланица на сирискиот режим

0
By Нова ТВ on February 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организацијата за заштита на човековите права Amnesty International денес објави застрашувачки извештај во кој се вели дека во затвор на сирискиот режим биле погубени 13.000 луѓе во последните пет години, од 2011 година до 2015 година.

Извештајот е насловен „Човечка кланица: Масовни бесења и истребувања во затворот Саједнај“. Невладината огранизација собрала сведочења од  84 очевидци, меѓу кои има чувари, поранешни осуденици и еден судија.

Amnesty International ги обвинува властите во Сирија за спроведување „политика на истребување“ и тврди дека егзекуциите биле одобрени на највисоко ниво на сириската влада.

Според Amnesty International во затворот имало пред се цивили, граѓани кои оделе на демонстрации, новинари, борци за човекови права, накусо – противници на режимот на Башар ел-Асад.

Еднаш неделно од ќелиите на затворот биле изведувани 20 до 50 лица и потоа, без да им се каже било што, биле бесени во текот на ноќта. Некои луѓе умирале веднаш а некои, особено помладите кои имаат помала тежина, биле влечени надолу за да им се скрши вратот.

Во текот на оваа акција очите на затворениците биле врзани. “Тие не знаат кога и како ќе умрат се додека јажето не им се стави на вратот”, известува Amnesty International.

Amnesty International тврди дека ова злосторство продолжува и денес. Затворот се наоѓа на 30 километри од Дамас.

“Хоророт опишан во овој извештај открива тајна и монструозна кампања, одобрена на највисоко ниво во владата, која има за цел да спречи било каков протест кај сириското население”, коментира Лин Малуф, заменик директорка за истражување во бирото на Amnesty International во Бејрут.

Во Сирија од почетокот на војната загинале околу 310.000 луѓе.

 

Амнести интернешнл Асад Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.