НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амнестија: Затворите ќе се растоварат, но не по секоја цена

0
By Нова ТВ on September 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата го усвои предлог-законот за амнестија, кој предвидува целосно ослободување од извршување казна на оние лица што биле осудени на 6 месеци затвор, а за сите други ќе има намалување од 30 отсто од казната. Според предлагачите, донесувањето нов Закон за амнестија „е израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, а со цел за нивна ресоцијализација и растеретување на затворите од прекумерниот број на лица кои се наоѓаат на отслужување на затворска казна воедно имајќи ги во предвид и условите во казнено-поправните установи во државата“.

Кој ќе биде амнестиран

Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека „на овој начин се манипулира со затворениците, амнестира измамници, криминалци, насилници, крадци“.

Но во членот 1 од законот точно се прецизира кои лица ќе бидат опфатени со него.

„Осудените лица на кои им е изречена казна затвор до шест месеци целосно ќе бидат ослободени од издржувањето на казната, а сите други осудени лица за кои се предлага амнестија се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда“.

Предлагачите напоменуваат дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик.

Постапката за амнестија

Постапката за примена на овој закон за осудените лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор, се поведува по службена должност од страна на казнено-поправната установа, додека постапката за примена на овој закон за осудените лица кои не отпочнале со издржување на казната затвор, поведува судот што ја донел првостепената пресуда по службена должност, по барање на јавен обвинител или по бараење на осуденото лице. Согласно членот 5, решението за амнестија според одредбите на овој закон го донесува судот што ја донел првостепената пресуда, во рок од пет дена од денот на приемот на барањето во судот.

Зошто потреба од амнестија

Правото на простување (милост) на државата кон сторителите на казнени дела е познат во правните системи, како овластување на државата под услови пропишани со закон, против сторители на кривични дела да не се покренува казнено гонење или на веќе осудените лица казната да им биде простена или ублажена. Институтот амнестија наоѓа смисла во неприкосновеното право на казнување на државата, од каде произлегува и правото на простување на сторителот на казненото дело. Казната претставува справедлива одмазда за извршеното дело, додека амнестијата преставува простување, израз на добра волја и милост кон осудените лица да се помогне во процесот на нивната ресоцијализација.

Странски искуства

Овој институт постои и се применува во многу европски држави. Во Уставот на Франција, е пропишано дека надлежен орган за давање амнестија е собранието. Според Уставот на Италија законот за амнестија се донесува со двотретинско мнозинство.

Во Италија е позната општа амнестија која ги опфаќа сите затвореници. Ваков акт е донесен во 2006 година и со него, на осудените лица им биле скратени три години од изречената казна. Амнестијата како акт на милост е позната и во правниот систем на Швајцарија и Турција, а поинакви правила важат во Обединетото Кралство, каде актите на милост му припаѓаат на кралот, иако, Парламентот во неколку наврати досега усвоил закони за амнестирање на затворениците и на учесниците во конфликти. Во Словенија, закон за амнестија е донесен во 2001 година и со него било предвидено ослободување за една четвртина од изречената казна затвор на лицата кои со правосилна пресуда биле осудени на казна затвор, а кои сè уште не ја извршиле казната. За специјалните повратници (лица осудени за кривични дела од ист вид), Законот предвидувал намалување за една петтина од изречената казна.

Во Србија, Закон за амнестија е донесен во 2010 година, и во 2012 година. Во Република Македонија од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестијата. Првиот закон за амнестија е донесен во 1991 и со него биле опфатени осудените лица кои се наоѓале на издржување на затворска казна, како и оние кои се уште не биле упатени на издржување на казната.

Наши искуства

Законот за амнестија од 1999 година се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела казниви со Кривичниот Законик и со друг закон на Република Македонија, на кои од страна на домашен суд им била изречена единствена казна затвор, како и лица осудени со правосилна пресуда од суд на поранешните југословенски републики, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната во казнено-поправните установи во Република Македонија.

Во 2002 година е донесен Законот за амнестија како резултат на потребата од поставување соодветна правна рамка како инструмент за реализација на Охридскиот договор. Законот предвидувал ослободување од гонење, запирање на кривичните постапки и потполно ослободување од извршувањето на казната затвор на граѓаните на Република Македонија, лицата со законски престој, како и на лицата кои имале имот или семејство во Република Македонија, а за кои постоело основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година.

Амнестијата се однесувала и на лицата кои и пред 1 јануари 2001 година подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година. Со актот на амнестија не биле опфатени меѓународните злосторства за кои е надлежен Хашкиот трибунал. Законот содржел и основ за ослободување од извршувањето на казната затвор за 25% од неиздржаниот дел во поглед на лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија, ако и на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржувањето на казната затвор во казнено- поправните установи во Република Македонија. Закон за амнестија е донесен и во 2003 година (ревидиран во 2004 година), а неговите одредби се однесувале на граѓаните на Република Македонија кои не ја извршиле воената обврска.

Хорор во македонските затвори

Според министерот за правда Билен Салији има рок од дваесет дена е рокот за да се направи финалната верзија на законот. Владата смета дека ќе ја доведе во ред пренатрупаноста во затворите. Но министерот Салији не знае колку затвореници ќе бидат ослободени со законот за амнестија.

Премиерот Заев при неодамнешната посета на Идризово, најголемата казнено поправна уставнова во земјавата, изрази разочараност од нехуманите услови што таму владеат, посочувајќи ја токму се пренетрупаноста. Токму оттаму тој го најави донесувањето на законот за амнестија.

Заев: Во Идризово нема минимум хумани услови

Но лошите услови во затворите ширум Македонија не се изненадување ако се земе предвид дека токму тие се предмет на критика постојано и од сомашните и од странските организации, посебно од страна на Комитетот за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа (КСТ), од 2006 наваму.

Затворите со години се предмет на критика од меѓународните институции

 

Закон за амнестија затвори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.