Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во Идризово нема минимум хумани услови

2
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2017 10:25

Овде нема минимум хумани услови за издржување на казна, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната посета на затворот Идризово заедно со народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Уранија Пировска

Премиерот Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот, и додаде дека му е срам што е премиер на држава со таков затвор.

-Се срамам што сум премиер на земја каде што затворите се надвор од сите стандарди на хуманост и социјалниот аспект на животот на лицата кои се осудени и издржуваат казна во казнено-поправниот дом Идризово, изјави Заев.

Тој рече дека очекува да се отвори дебата, пред се институциите кои се надлежни и многу често повикани од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, како и од многу граѓански организации и активисти.

Хелсиншки комитет: Затворите се со суб-стандардни услови за живот

-Ако капацитетот е 850 луѓе, внатре има 1.850. Многу често нашите сограѓани коишто издржуваат казна знаат да испратат апел и порака преку социјалните медиуми испраќајќи слики на нивните услови и токму поради ова денеска сме овде. Храната веројатно е дополнителен проблем со самата бројка, која, исто така, е лоша. Луѓето кажуваат дека за да имаат колку толку минимум неопходен оброк и квалитетна храна, мора да додаваат од дома преку пакети кои им ги носат, а дел си готват во самите простории, истакна Заев.

Според Народниот правобранител Иџет Мемети, по 12 години откако омбутсманот реагирал на лошите услови во затворите, сегашната Влада на РМ покажала волја дека ќе се нафати да го реши проблемот со затворскиот систем.

– Под тоа решение јас не подразбирам само решавање на просторните услови кои се градат неколку години. Проблемот со затворски ситем не се само условите, туку многу повеќе, како на пример начинот на менаџирање кој е многу лош и конфузен, истакна Мемети.

Совет на Европа: Македонските затвори се пренатрупани

Констатира дека од затворениците се создаваат многу повратници, како и од младите кои првпат доаѓаат во судир со законот по две три години можат да се најдат во Идризово.

Според Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, мора да се реши проблемот со корупцијата во затворот Идризово во кој, како што рече, не владеат законите на РМ туку затворските закони. Таа забележа дека се продолжува со партиско поставување на луѓе на важни функции во затворите и дека мора да се санкционира корупцијата во затворските служби.

Претседателот на синдикат на затворската полиција во КПД „Идризово“ Антонио Стојчевски во изјава за медиумите се пожали на условите на полицијата, која според него се соочува со ниски плати, со неплатени прекувремени часови, со овластувањата кои ги немаат, со средства за работа, но и со униформи кои не се обновени повеќе од 10 години. Тие побараа и усогласување со законот на МВР во однос на старосната граница за пензија.

 

Заев Затвор Идризово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.