Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АМС: Федерации на Северна Македонија или Национални федерации – одберете сами

0
By Нова ТВ on March 29, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Назив на домашна спортска федерација со придавката македонска пред описот на субјектот не е предвиден. Во обраќањето на Агенцијата за млади и спорт до националните спортски федерации и други правни лица што имаат решение за вршење на дејност спорт се оставени две опции за избор што е оставен на самите раководства. Едната гласи (спорт) федерација на Република Северна Македонија, втората е национална (спорт) федерација. Па така, на пример, Ракометната федерација на Македонија може да се преименува во Ракометна федерација на Република Северна Македонија или, пак, во национална ракометна федерација. 

Македонскиот олимписки комитет (МОК) е првата спортска организација со променет назив согласно новото уставно име на земјата. Референцата ФИРОМ за земјава на листата на членки на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) е заменета со Северна Македонија, а Олимпискиот комитет на ФИРОМ е запишан како Олимписки комитет на Северна Македонија. И од останатите меѓународни спортски асоцијации, во периодот што претстои, е за очекување да го следат примерот на ИОК во официјалната комуникација со овдешните партнери на кои, пак, од АМС се сугерира во најкус можен рок да интервенираат за промена на називите.

Македонската фудбалска репрезентација е последната во екипните спортови што забележа настап на меѓународна сцена како претставник на земја што во ФИФА и УЕФА е заведена како ФИР Македонија. Машката ракометна репрезентација, пак, се чини ќе биде прва во екипна конкуренција што во двомечот со Исланд за ЕП 2020 ќе претставува земја заведена како Северна Македонија во пописот на ИХФ и ЕХФ.

АМС Назив спорт Упатство Федерации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.