Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ претходно известија дека овој патен правец беше затворен од 17:45 часот, поради намалена видливост од пожар кај Градската депонија. Од 18:15 часот, сообраќајот на патот Велес-Штип се одвиваше по една коловозна лента.

Од АМСМ, исто така, информираа дека поради намалена видливост од пожар, од 16 часот во прекин е сообраќајот и на патниот правец Кочани – Виница – Берово.

АМСМ, меѓу другото, известува дека на граничниот премин „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.