Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: По НАТО, мора да се реализира и другата стратешка определба, Северна Македонија да биде дел од ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичките партии на Албанците и да сакаат не можат да отстапат од проевропскиот и проамериканскиот курс, од причина што поддршката на Албанците од Северна Македонија за оваа стратешка определба на државата е исклучително голема, велат за „Фронтлајн“ познавачите на политичките случувања во земјава.

Поранешниот пратеник и кандидат за претседател Зуди Џелили вели дека оваа определба ја негувала Албанците, а политичката елита точно знае дека единствената перспектива за државите од Западен Балкан е членството во Европската унија (ЕУ).

Зуди ЏелилиЗуди Џелили

– Колку пати се анкетирани граѓаните на Северна Македонија, колку се заинтересирани земјата да влезе во ЕУ, особено Албанците се изјаснија со многу високи проценти. Политичката елита точно знае дека единствената перспектива за земјите од Западот Балканот е да влезат во ЕУ. Секоја политичка партија на Албанците ја има оваа цел во своите програми, и никогаш не покажале никаков сомнеж. Партиите на Албанцит поддржаа секој политички договор за овие прашања, тие безусловно го поддржаа патот до НАТО, кон ЕУ, договорот од Преспа, го поддржаа референдумот, го поддржаа францускиот предлог, го поддржуваат договорот за уставни измени, го поддржуваат Фронтот за Европа итн, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Од друга страна политикологот Иво Рангеловиќ смета дека доколку продолжат политичките манипулации врз ова општество, и Албанците решително и масовно ќе ја напуштат државава по самиот влез во ЕУ.

Од друга страна политикологот Иво Рангеловиќ смета дека доколку продолжат политичките манипулации врз ова општество, и Албанците решително и масовно ќе ја напуштат државава по самиот влез во ЕУ.

Иво Рангеловиќ
Иво Рангеловиќ

– Сите граѓани на оваа земја ги чувствуваат тешкотиите на секојдневието и погазувањето на достоинството и суштината на човечкиот живот, без разлика дали се Македонци или Албанци. Во минатото, партиите за да опстанат се служеа со национализам и така опстојуваа повеќе од 20 години. Денес платформата на опстојување е европската перспектива, односно интеграција – сламка за која се држи суштината на постоењето на партиски блок на Албанците (и Македонците). Целта на партиите на Албанците треба да биде како да се подобри животот на сите граѓани, меѓу кои и Албанците, за полесна интеграција во европското семејство. Доколку продолжат политичките манипулации врз ова општество, бидете уверени дека Албанците решително и масовно ќе ја напуштат државава по самиот влез во ЕУ, што ќе придонесе за драстична промена во социјалните динамики на Македонија, вели Рангеловиќ во изјава за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија и поранешен пратеник Исмет Рамадани вели дека Албанците отсекогаш биле и се евроатлантски ориентирани.

„Албанците упорно инсистираат на тоа дека и Македонците треба да бидат убедени дека по членството во НАТО, мора да се реализира и другата стратешка определба за Северна Македонија да биде дел од ЕУ. Сега мора да заврши декларативното промовирање на прозападната ориентација, време е да се промовираат евроатлантските вредности. Албанците најдобро знаат што значи да ти ги игнорираат јазикот и идентитетските, затоа се солидаризираат со своите сограѓани Македонци, иако во одредени периоди различни структури на Македонците не биле пријателски расположени кон Албанците, потенцира Рамадани во изјава за „Фронтлајн“.

извор: Фронтлајн

аналитичари ЕУ НАТО уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.