Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичарите ѝ препорачуваат на власта: Покачувањето на минималната плата е добар чекор, но внимавајте на државната каса!

0
By Mirjana on February 8, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Oдлуката за покачување на „минималецот“ и негово позиционирање на 18.000 денари наидува на позитивни одгласи не само кај трипартитните партнери Владата, ССМ и работодавачите, туку и од страна на економските експерти. Еден од нив, професорот Зоран Ивановски од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент (УТМС) , за НоваТВ, договорот го оценува за добар и нешто со што ќе се подобри стандардот на оваа категорија на работници, особено ако се има во предвид порастот на цените и растот на инфлацијата во земјата.

– Овој договор има неколку важни апсекти, прво е подобрување на стандардот на околу 80.000 корисници на минимални плати, второ е зголемување на потрошувачката, која може да генерира и раст на БДП. Сепак, останува како дилема и потенцијален проблем растот на платите во услови кога продуктивноста опаѓа (особено во некои сектори, јавната администрација и др.). што само по себе значи генерирање на инфлација. Втор потенцијален проблем е можен пораст на стапката на невработени, заради фактот што дел од фирмите нема да можат да обезбедат соодветно ниво на плати за своите вработени, вели професор Ивановски.

Во делот на субвенционирањето на придонесите на износот за колку е покачена платата во случајот 2.800 денари, професор Ивановски смета дека треба внимателно управување со јавните финансии.

– Договорот има буџетски импликации што може негативно да влијае на фискалната одржливост и на зголемување на јавниот долг. Потребно е претпазливо и промислено управување со јавните финансии за да се обезбеди прокламираната и планираната фискална консолидација на јавните финансии, смета Ивановски.

Околу можноста за скалесто покачување на останатите плати, што е барање и на опозицијата за што навестија и амандманска интервенција и побараа набрзо ребаланс на Буџетот, професорот Ивановски, смета дека не е време во услови кога од државната каса се субвенционираат бизнисите кои најмногу претрпеа во ковид- кризата.

– Императив е покачувањето на платите да биде поврзано со растот на продуктивноста, особено во услови кога економијата сеуште чувствува последици од пандемијата и кога значително е намалена ликвидноста на компаниите. Во услови кога од буџетот сеуште се субвенционираат бизнисите кои најмногу ги трпат последиците од кризата, сметам дека не е погоден моментот за дополнителни оптоварувања на истиот, изјави за НоваТВ професор Ивановски.

Миле Бошков од  Организацијата на работодавачите , за НоваТВ, рече дека се задоволни со тоа што нивниот предлог за 100% државно субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување на износот од 2.800 денари колку што е покачувањето на минималната плата, бил усвоен затоа што без оваа помош компаниите едноставно не би можеле да опстанат и би дошло до момент на отпуштање на работниците.

Кога сме кај компаниите и бизнисот а во поглед на минималната плата, новинарот Љупчо Зиков во колумна насловена „За минималецот“ во неделникот Капитал, меѓу другото пишува:

Оттука, мојата порака до бизнис заедницата, особено онаа покрупната, е дека ако можат да издржат 16.300 денари минимална плата (како што вели Димитров), тогаш можат да издржат и 18.000 денари … Но, за кого! Оти ако некој работник можеш да го плаќаш 14.000 денари минималец, тогаш размисли … тој можеби и не ти е потребен … Тој можеби ти е прескап. Можеби твојата индустрија е на пропаѓање, а со тоа и твојата компанија … Тогаш зошто воопшто се мачиш?!?

Како да го сменат пристапот! Едноставно …

Ќе ја зголемат продуктивноста, ќе намалат профитите кои ги прават и без многу “растривање” од работа, помалку непотребни трошоци, повеќе приходи (нови пазари и гранде извоз, потоа воведување нови производи, а не само плачење над сопствената судбина – “Седев крај реката Педра и плачев”), малку и државата ќе помогне секако и ете 18.000.

Треба да се има предвид дека поголем минималец кај работниците ќе ја зголеми и потрошувачката во трговијата и тоа ќе биде добро за економија … Не е тоа некоја кој знае каква промена, ама важно е правецот да се задржи …пишува, меѓу другото Љупчо Зиков во вчерашната колумна „За минималецот“.

(М.Т.)

 

 

 

18.000 минимална плата реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.