Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Граѓаните сакаат е-услуги кои ќе ги заштитат од корупција

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ИЗБОР
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анализата на општинските е-услугите спроведена од страна на фондацијата Метаморфозис покажува дека се зголемуваат очекувањата и барањата од единиците на локалната самоуправа и дека граѓаните во суштина бараат електронски услуги кои ќе овозможат полесно извршување на услугите, а ќе ја намали нивната изложеност на корупција.

На денешната презентација на Анализата беше истакнато дека недостасува стратешки пристат кон дигитализација на локалните услуги.

-Услугите се модернизираат и со тоа се олеснува живеењето на граѓаните, но она што го заклучуваме е дека на национално ниво, колку толку се спроведува дигиталната агенда, но на локално ниво се потребни поголеми напори, нас ни е важна оваа дигитална трансформација затоа што истражувањата и практиката покажуваат дека преку ваквата трансформација се намалува сивата економија и корупцијата, а последователно на тоа се зголемува транспарентноста на институциите, истакна програмскиот директор во Метаморфозис Данче Даниловска Бајдевска.

Таа посочи дека за големата потребата од унапредување на дигиталзиацијата и на центртално и на локално ниво, е примерот со издавањето на личните документи.

-Проблемот со издвањето на личните документи е само пример кој го потврдува нашето постојано укажување кон институците дека треба стратешки, правен и административен развој во спроведување на дигиталната агенда, значи дигитализацијата ни е неопходна, подвлекува Даниловска Бајдевска.

Според неа во анализите загрижувачки било тоа што иако е забележано мало подобрување во е-услугите, граѓаните сепак не се задоволни од тоа што им се нуди од општините.

Таа информира дека при изработка на аналзата општинските услуги биле анализирани од аспект на три категории и тоа транспарентност и отчетност, комуникација и одбренија, дозволи и други услуги.

Иако општините како институции постојат во служба на граѓаните еден од заклучоците на истражувањето е дека многу мал дел од општините го слушаат гласот на граѓаните при изборот на идна понуда на нови општински е-услуги. Крива Паланка, Василево, Дебарца, Неготино и Битола се петте најдобро рангирани општини во Северна Македонија. Последни 10 најниско рангирани општини според вредноста на LEGSI-индексот се: Чаир (0.4242), Боговиње (0.4206), Босилово (0.4202), Лозово (0.4167), Сопиште и Врапчиште (0.3492), Кривогаштани (0.3329), Арачиново (0.2615), Долнени (0.1702) и Демир Хисар (0.0317). Општините во Северна Македонија интензивно користат социјални мрежи, и тоа најмногу Facebook, покажа анализата, но само 44 отсто од општините нудат можност за поставување на прашања до градоначалникот.

Професорот од Економскиот институт Зоран Јаневски кој е автор на анализата рече дека не е веќе предмет на дискусија начиот на кој ќе се подигне нивото на софистицираност при испорака на услугите на центално или локално ниво, туку како да се постигне целосна и успешна дигитализација.

-Мора да признаеме дека ние сме се уште далеку од темите и проблемите на кои работи развиениот свет, ние се уште сме на нивото од пред 20 години, треба да работиме на подигнување на онлајн нивото на услугите, затоа што многу малку услуги имаме и на центално, а особено на локално ниво, оцени професорот.

Анализата покажува дека најмалку застапени е-услуги се Барања по електронски пат на Б-интегрирана еколошка дозвола, како најмалку застапена, односно неа не ја нудат дури 77,80 проценти од сите општини, додека следуваат Формулари за пријавување на данокот на имот која не е застапена кај 53,1 процент и Можност за поставување прашања до градоначалникот која не се нуди кај 44,4 отсто.

Од истражувањето произлегуваат неколку препораки, на локално ниво Јаневски вели дека е потребно прибирање на мислењето и на предлозите на граѓаните за развој на нови општински е-услуги и развој на унифицирани идни е – услуги наменети за сите општини.

Додека на централно ниво од анализата произлегува дека е потребно изготвување на стратегија и акциски план за општински е – услуги и интензивни обуки на општинската администрација за стекнување дигитални вештини.

анализа граѓани е-услуги Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.