Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: И вработувањата во приватниот сектор – зависни од државата

0
By Нова ТВ on February 20, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2017 13:02

Точно е дека владините мерки за стимулирање на нови вработувања во приватниот сектор, преку даночни ослободувања, придонесоа за раст на вработеноста, но исто така е вистина дека на ваков начин се создава лажна слика за реалните состојби на пазарот на труд, заедно со прашањето колку се одржливи новоотворените работни места, коментираат дел од економистите за неделната економска анализа на Portalb.mk.

Владата го усвои новиот Оперативен план за вработување во 2017 година вреден нешто повеќе од 14 милиони евра, сума која досега е рекорно највисока. Овој концепт на директна државна интревенција беше нотиран и во последниот извештај на Светска Банка.

Имаме ли вистинска слика за моќта на фирмите?       

За отворање на нови работни места преку даночни ослободувања и друг вид на бенефиции, годинава Владата одвои 14,2 милиони евра – пари кои преку Оперативниот план за вработување 2017 година треба да поттикнат отворање на илјадници работни места, што треба да влијае врз намалување на стапката на невработеност.

„Со реализација на овој Оперативен план очекуваме отворање на околу 10.000 нови работни места, заедно со „Македонија вработува 2“ со што значително ќе се придонесе за намалување на невработеноста која наредната година планираме да изнесува под 22 проценти, а до 2020 да се намали на 17 до 18 проценти“- изјави на промоцијата на новиот Оперативен план вицепремерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Со новиот план за директна државна интревенција во приватниот сектор, практично се продолжуваат досегашните политики за влијание врз стопанството со буџетски пари, одноосно на државен трошок.

Дел од економистите велат дека овие мерки и политички во пракса ја зголемуваат вработеноста, но потсетуваат на неодамнешниот извештај на Светска банка во кој беше посочено дека дури девет од десет вработувања во приватниот сектор се потпираат на државата.

„Досегашниот владин успех на полето на вработувањето, но и плановите за намалување на невработеноста во иднина се потпираат главно на политиката за стимулирање на вработувањето во приватниот сектор. Се работи за продолжување на мерката за ослободување од плаќање на персонален данок на доход и/или придонеси од плата за новите вработувања согласно со одредите на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Овие ослободувања, ја намалуваат цената на работната сила речиси за половина од пазарната, создавајќи со тоа услови за одржување на профитабилноста на компаниите и во услови на зголемување на бројот на вработени. Неодамнешната констатација на резидентната канцеларија на Светска банка дека речиси 9 од 10 од новите вработувања се темелат на фискалните стимуации, ја девалвира успешноста на владините политики во оваа сфера, покажувајќи ја истовремено јаловоста на приватниот сектор да го апсорбира вишокот на понуда на работна сила“ – оценува за Portalb.mk економистот Павле Гацов.

На новиот објавен Оперативен план реагираа од СДСМ од каде велат дека граѓаните досега доволно ги виделе „ефектите“ од политиките на актуелната власт.

„Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување. Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши“, порачаа од СДСМ.

Власта предводена од Вмро-Дпмне од 2007 година усвојува и спроведува посебен, опертивен план за вработување. Преку него се нудат мерки, главно во форма на даночни олеснувања и но и директни грантови за отворање на нови работни места. Главен таргет се помладите невработени лица кои се регистрирани како активни баратели на работа. Според економистите, ваквата директна државна интервенција ја искривува вистинската слика за состојбата во која се наоѓа приватниот сектор.

“Без овие владини политики растот на вработувањето во приватниот сектор ќе колабира, а ако се има предвид дека и вработувањето во ТИРЗ-овите се темели на некаква форма на фискална стимулација, на виделина излегува јаловата кондиција на приватниот сектор кој едвај може да апсорбира 1/10 од новите работници без користење на фискална инфузија. Сепак, во овој момент мерките на поддржано вработување треба да продолжат, со зголемување на контролата над исполнувањето на законските услови. Да се елиминираат сите појави на одјавување од работа заради пријавување за субвенционирано наводно ново вработување“ – вели за Portalb.mk економистот Гацов и додава:

“Штетата од ваквите злоупотреби е двојна. Активните политики за стимулирање на вработувањето го пасивизираат приватниот сектор и даваат лажна слика за големи владини успеси во политиката на вработување која ќе се разбистри по истекување на сите рокови за користење на фискалните инекции и задолжителното законско задржување на нововработените лица по овој основ. Овие политики се прифатливи на краток и среден рок, но на долг рок ја пасивизираат економијата и создаваат дефицити“

Со Оперативниот план, предвидени се 22 програми и мерки за вработување а планирано да продолжи реализацијата на Програмата за самовработување на околу нови 1.000 микрокомпании.

Според одредени проценки на надлежните институции, смртноста на новоотворените мали бизнис со државни пари изнесува околу 10 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
ФОКУС
March 5, 2026Updated:March 5, 2026

Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето

ВЕСТИ March 5, 2026

Преживеан и повреден во пожарот во „Пулс“, Кристијан Китанов се најде во непријатна ситуација кога…

„Магичната флејта на Вулфи“  на Тина Иванова во Македонската филхармонија

March 5, 2026

Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека – ќе се сослушуваат сведоци од обвинителство

March 5, 2026

НАТО пресретнал иранска балистичка ракета што летала кон турција

March 4, 2026
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.