Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: „Лов’’ на нови даночни обврзници или спроведување закон?

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2017 11:46

Регрутирање на нови даночни обврзници за да се полни буџетската каса или почитување и спроведување на законите – кој е целта на оданочувањето со ДДВ и на физички лица кои остваруваат промет над еден милион денари? Дел од економистите велат дека со регистрацијата за ДДВ овие граѓани ќе плаќаат два данока – персонален данок на доход и ДДВ, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Во групата влегуваат и хонорарците чии хонорари надминуваат 16 200 евра на годишно ниво.  Буџетските приходи од ДДВ се водечки во структурата на даночните приходи, односно од ДДВ се обезбедуваат скоро 50% од вкупните даночни приходи. Од Управата за јавни приходи велат дека се спроведува законот. Но, зошто УЈП посегна по вакво оданочување, што предвидуваат законите и какви се казните?

„Агресивно “ толкување на законите

Законите не се променети, но се промени дефиницијата за “стопанска дејност“ што практично сосдаде можност и физичките лица – граѓани кои заработувата над 1 милион денари годишно од авторски договори, договори на дело и членства во управни одбори, оценуваат економистите.

“За расчистување на „маглата“ дека токму прагот на регистрација е основната причина за вклучување на граѓани во системот на ДДВ, напоменуваме дека во минатото кога овој праг изнесуваше 2 милиони денари, а потоа и 1,3 милиони, исто така беше надминат од страна на некои граѓани, но тие не беа вклучувани во системот на ДДВ. Дали, даночниот орган тогаш бил неук или намерно нанесувал штета на буџетот на РМ? Ќе има ли последици за претходниците што „лошо“ го читале законот? Нагласуваме дека дефиницијата на категоријата „даночен обврзник“ за целите на ДДВ не е променета од првиот ден на примената на Законот за ДДВ (1 април 2000 година) до денес.“ – вели економистот,  претседател на Здружението на даночни експерти, Павле Гацов.

Ако се анализира структурата на буџетот, ДДВ е еден од носечките даноци од кој се обезбедуваат и најголем дел од даночните приходи. Така, лани по овој основ во државната каса се слеале 770 000 евра што преставува скоро 50% од вкупните даночни приходи. Сега, во полн ек е поднесувањето на Годишни даночни пријави од страна на граѓаните. Од УЈП велатд ека годинава очекуваат  околу 400 000 граѓани кои ќе пријавата доплнителни приходи. Сметаат дека однаочувањето со ДДВ е законски утврдено.

“Како регистрирани даночни обврзници за целите на ДДВ за извршениот промет на добра и услуги имаат обврска да издаваат фактура со пресметан ДДВ и да го пријавуваат и плаќаат данокот на додадена вредност. Но истовремено ќе имаат право на одбивка на предходен данок со исполнување на условите согласно членовите 33,34 и 35 од Законот за ДДВ.“ – објаснуваат од Управата за јавни приходи.

Со оданочување на физичките лица ( со промет над 1 милион денари) се регрутираат нови даночни обврзници, коментираат експертите и оценуваат дека примената на законското решение има недоречености и слободни толкувања.

“За некој да стане ДДВ обврзник најпрво мора да врши стопанска дејност, опфатот пак на дефиницијата за вршење стопанска дејност е проширена со толкувања на даночниот орган според кој граѓаните треба да се регистрираат за ДДВ доколку остварат оданочив промет поголем од 1 милион денари во една година. При тоа приходите остварени по основ на закупнини, договор на дело, но и авторски хонорари дури и надомести остварени по основ на членства во надзорни одбори се објаснуваат како вршење на стопанска дејност. Со регистрацијата за ДДВ овие граѓани ќе плаќаат два данока – персонален данок на доход и ДДВ, притоа основата за пресметување на ДДВ ја сочинува нето примањето зголемено за данокот на доход. На пример, за остварениот приход од закупнини се оданочуваат и граѓаните на Република Српска под услов да го надминат прагот за регистрација за ДДВ од 56.000 КМ на годишно ниво“ – вели за Portalb.mk економистот Гацов.

Инаку, според законските решенија, даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, односно спаѓаат производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел остварување на приходи, вклучувајќи ги дејностите од областа на рударството, земјоделството и шумарството, како и отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење. Во оваа група спаѓаат и  приходите остварени по основ на закупнини, но сега и по основ на договор на дело, но и авторски хонорари дури и надомести остварени по основ на членства во надзорни одбори се објаснуваат како вршење на стопанска дејност.

“Воведување на граѓаните во системот на ДДВ на мала врата, наведувајќи дека намалениот праг за регистрација на 1 милион денари оданочив промет е главната причина за вклучување на граѓаните во системот на ДДВ, даночниот орган отвори процес на тнр. „агресивно“ толкување на Законот за данокот на додадена вредност, без да се сменат одредбите на Законот“ – оценува економистот Гацов.

Доколку граѓаните – физички лица досега не се пријавиле како ДДВ обврзник, според законските решенија се предвидени и казни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.