Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Се ветуваат повисоки плати – како до раст

0
By Нова ТВ on November 28, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 28, 2016 12:22

Подобар животен стандард, повисоки плати и раст на минималната плата. Економските изборни програми испорачаа ветувања за она што е најклучно за граѓаните – зголемување на месечните примања. Но, колку и дали овие пресметки на хартија се остварливи и во реалноста?

Минималната плата мора да се зголеми….

Со сегашниот гарантиран износ на минимална плата од 10 080 денари за годинава, не може да се обезбедат ниту минимални услови за достоинствен живот, со оваа сума не можат да се покријат ниту основните животни трошоци и затоа е очекувано “минимлаецот“ да биде дел од изборните партиски програми, но ветениот раст не треба да остане само “голо“ ветување, коментираат дел од економистите во анализата на  Portalb.mk.

Сметаат дека висината на минималната плата мора да се зголеми, без разлика на чиј товар ќе падне зголемувањето – на приватниот сектор или на Буџетот, на државата.

“Доколку се смета дека приватниот сектор не е во финансиска кондиција да го покрие зголемувањето на износот на минималната плата плата, тогаш државата е должна тоа да го покрие од буџетот. Според податоците на Државниот завод за статискика за октомври 2016, износот на минимална исплатена нето плата е исплатена во подсекторот, преработка на дрво и производи од дрво од 9 921 денар, производство на кожа и други производи од кожа ,8.529 ден,  производство на облека, рибарство, производство на мебел, дејности за подготовка на оброци и служење храна како и во секторот одржување на згради. Фискалните импликации од зголемувањето на минималната нето плата нема да бидат поголеми од 30 милиони евра на годишно ниво. Со такво зголемување на минималната плата нема значајно да им го подобриме животниот стандард на тие вработени, туку барем минимално ќе им се подобрат условите за живот. Со поправедна распределба на средствата во Буџетот, без посериозни проблем може да се реши овој проблем“, смета универзитетскиот професор за Portalb.mk Сами Бислими.

Во програмите на двете на најголеми партии, СДСМ и Вмро-Дпне веќе се вградени најавите и ветувањата за зголемување на минималната , но и на просечната плата на ниво на државата.

Така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на новата партиска програма „Реално“, меѓу другото, најави и зголемување на минималната плата

“Постоечката која изнесува 10.080 денари, ќе порасне на 12.000 денари во 2017, 12.500 денари во 2018, 13.200 денари во 2019, на 14.000 денари во 2020 година. Во текстилната и кожарската индустрија минималната плата која сега изнесува 9.000 денари, ќе порасне на 10.500 денари во 2017, 11.500 денари во 2018, 12.500 денари во 2019, на 13.500 денари во 2020 година. Ова покачување е реално и балансирано, и тоа ќе обезбеди зголемување на платата без ризик за отпуштања на вработени или пак проблеми кај работодавците“, изјави Грувески.

Повисоки просечни плати најави и претсеадтелот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ќе се залагаме за повисоки плати. Мора просечната плата да биде не помалку од 30.000 денари, 500 евра. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Така, ќе има и за јадење, и за сметки, и за одмор, и за сето она што значи достоинствен живот“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Просечната плата не ја одразува реалната состојба ?

Во сепетември,  просечната нето исплатена  плата во земјава изнесувала 361 евро и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,8. Во истиот анализиран период, просечната бруто плата на ниво на државата изнесувала 530,7 евра.

Економситите, но и дел од синдикатите посочуваат дека овие просечни плати не ја отсликуваата реалната состојба во земјава, бидејќи поголем дел од вработените земаат плата пониска од просекот а само мал дел пак имаат големи заработувачки, кои го зголемуваат  државниот просек на нето и бруто плата. Не само во однос на минималната плата, Македонија е во групата на земји и со најниска просечна плата. Tака на пример, просекот во Србија надминува 420 евра, во Црна Гора повеќе од 470 евра а во Хрватска над 770 евра.

Под државниот просек се и платите што се исплаќаат во фабриките на странските инвеститори. На една од последните одржани пресс конференции, од Советот за странски инвеститори објавија дека просечната плата во слободните економски зони изнесува 262 евра и дека таа била блиску до просекот што го исплаќале домашните компании во индустријата.

“Отстапувањето во платите е минимално. Исплатата на бруто-платата во технолошките зони не отстапува од бруто-платата низ цела територија и таа е сразмерна со работните позиции и задачи на вработените. Раководните лица и средниот менаџмент на компаниите се подобро платени. Странските компании целосно ги исплаќаат придонесите за социјално и за пензиско осигурување Работниците се исплаќаат согласно законски гарантираната минимална плата – изјави на стартот од годинава,  Влатко Стојановски од Советот на странски инвестиции при  Стопанска комора.

Според економистите,  за подобар животен стандард потребна е сериозна и одржлива економска политика.

“Животниот стандард на нашите граѓани не може да се очекува дека ќе се подобри са така ниски стапки на економски раст, но и со таква неповолна структура на домашната економија. Ниското ниво на продуктивност (пониска за најмалку пет пати во однос на САД, повоеќе од три пати во однос на Грција, 1,3 пати во однос на Бугарија, 1,2 пати во однос на Србија, не мозхеме да очекуваме зголемување на конкурентноста, а со тоа и доходовноста на домашната економија. Без инвестиции во функција на проширување на производните можности на домашната економија, не може да се очекува позначителен раст, ниту значајно зголемување на понудата на стоки од домашно потекло, од причина што, толкав е производниот капацитет на нашата економија“, вели за Portalb.mk професорот Бислими.

Во замјава висината на платите, кои се во директна корелација со животниот стандард, главно се зависни од степенот на образование.

Така официјалните статистички податоци покажуваат дека во 2014 во однос на 2010 година, најголем пораст на годишната бруто-заработувачка од 21.4% е забележан кај лицата кои имаат завршено више образование додека а најголем пораст од 27.5% на месечната бруто-заработувачка во 2014 година, во споредба со 2010, се забележува кај лицата со незавршено основно образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
ФОКУС
February 18, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 18, 2026

На 24 февруари 2026 година, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија…

Девет нови амбасадори поминаа на владина седница – Муртезани во Брисел, Мангова во Лондон

February 18, 2026

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

February 17, 2026

Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски

February 17, 2026
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.