Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот министер Андонов назначен за Чавков да биде на чело на БЈБ

1
By Менче Атанасова Точи on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 14:59

Оливер Андонов е предложен од Владата за министер за внатрешни работи, за да може да биде назначен досегашниот министер Митко Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност. Вака, како технички потег, ја објаснуваат одлуката на Владата да го именува Андонов за министер на еден ден, познавачите на проблематика, цитирајќи го всушност Законот за полиција.

„Владата го избира директорот на Бирото за јавна безбедност на предлог на министерот за Внатрешни работи. За да биде именуван Чавков за директор на БЈБ мора да има министер кој ќе го предложи“ објаснуваат извори за НОВА, упатени во проблематиката.

cavkov_g111_cr-620x360

Согласно законот за полиција, министерот за внатрешни работи предлага директор на Бирото, а владата го именува.

Во текот на денот Собранието ќе одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев не сакаше да го објасни потегот на Владата, само рече дека нема ништо повеќе да додаде од тоа што го изјави претходно, односно „дека се очекува премиерот Емил Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР“.

aleksandar-gjorgjiev

Тој потврди дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски.

Кога ќе се формира нова преодна Влада, каде на министерското место се враќа Оливер Спасовски од СДСМ, Оливер Андонов ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Оливер Андонов е член на ГДОМ, и до неодамна професор на МИТ, кој  после извесно време доби отказ од овој Универзитет, заради непочитување на работните односи.

Новата преодна Влада ќе започне да функционира од сабота.

 

 

 

Андонов избира Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.