НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андреј Лепавцов за НоваТВ: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи, но според динамика која ќе се води од реалната состојба

0
By Соња Крамарска on June 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот амбасадор во ЕУ, Андреј Лепавцов, е дел од патешествието на нашата земја кон европското семејство и одлично ја познава разликата меѓу тоа да се биде член на ЕУ или да не се биде, како и досегашниот процес. Лепавцов за НоваТВ го изнесе својот став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да ги прекине како што заговараат високи политички кругови во Скопје.

 

Проширувањето на Западниот Балкан како тема се врати на масата во ЕУ по завршувањето на мигрантската криза (иако со војната во Украина геополитичкиот фокус е помести на исток), но без посебен резултат и оптимизам за успех. Процесот на проширување, не само за Македонија, туку за целиот Западен Балкан, е целосно застанат, од повеќе причини, кои лежат во самите земји аспиранти, но и во земјите членки на Европската Унија, кои не сакаат земјите од Западен Балкан да имаат иста одлучувачка моќ во рамките на Европската Унија.

Политичката одлука за асоцирање е од декларативен карактер, која само се повторува на неколкуте самити за Западен Балкан, кои се одржаа во изминатите неколку години, од страна на земји членки кои претседаваа со Унијата и имаат афинитет и интерес на Балканот.

Пример се Србија и Црна Гора, кои иако преговараат веке 10 години, перцепцијата за нивното ниво на подготвеност е многу слично како и за Македонија и Албанија, иако двете земји сеуште ги немаат почнато преговорите. Доколку се случи следно проширување, тоа најверојатно би било по формулата 4+2, при што Босна и Херцеговина и Косово ќе треба дополнително да ги стабилизираат своите општества.

Македонија е најголема жртва на овие процеси, кои дополнително придонесоа за понатамошната ерозија на македонската држава, од секој аспект. Грчките блокади, а сега и ветото за почеток на преговорите од страна на Бугарија, ја слабеат македонската држава и демократија, во услови на слаби политички елити, кои немаат минимум капацитет за договор по клучните теми.

Очигледен е притисокот врз Македонија и Бугарија да има пробив по темата, но треба да сме свесни дека се работи само за отпочнување на преговори, со неизвесен крај и динамика. Крајната цел е Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Затоа, општиот дијалог и процесот на преговорите со соседна Бугарија, треба да продолжат, но нивната динамика да се дизајнира според реалната состојба, со нов дискурс и атмосфера, за која треба двете страни да придонесат.

На краток рок, деновиве сме сведоци на силни обиди за зачувување на стабилноста на Владата во Софија, барем до пред Нова година, кога проширувањето добива најголемо внимание во Брисел. Доколку се обезбеди ново мнозинство во Бугарија, притисокот повторно ќе се зголеми врз Македонија, и преговорите ќе продолжат, но без гаранција за успех, доколку бугарската страна не отстапи од таканаречената рамковна позиција и барањата кои постојано се модифицираат.

Македонија и останатите земји од Западен Балкан не успеаја да ги променат своите општества во функционални демократии и вистински пазарни економии, за да ја сменат перцепцијата за нив, дека нивниот прием и глас во Европскиот Совет, ќе бидат од полза на европската идеја. Затоа треба да сме свесни дека штом таа промена се случи, конечното членство во Европската Унија ќе биде релативно краток процес.

Андреј Лепавцов

Андреј Лепавцов преговори со Бугарија членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.