Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ победи на внатрепартиските избори за претседател на владеачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
Пленковиќ освои 82 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Миро Ковач 18 отсто. За потпретседател на ХДЗ е избран Томо Медвед, пренесе агенцијата „Хина“.
По објавените резултати, Пленковиќ изјави дека верува дека новото раководство на партијата успешно ќе ја предводи неа и членството до победа на парламентарните избори.