Магазинот „Тајм“ го објави името на „Личноста на годината“. Се работи за германската канцеларка Ангела Меркел.
Според магазинот, таа одиграла огромна улога во бегалската криза во Европа како и долговите на Грција. Исто така нагласен е и нејзиниот удел во спорот помеѓу Русија и Украина.
Уредничката на „Тајм“, Ненси Гибс пишува дека Меркел покажала „огромно морално лидерство во време кога моралот недостасува“.
Помеѓу кандидатите во потесниот круг биле и лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, кој завршил втор во рангирањето, како и кандидатот за претседател на САД, бизнисменот Доналд Трамп, кој завршил третопласиран.
Со ова Меркел им се придружува на Адолф Хитлер, Сталин, Махатма Ганди, Черчил и Ричард Никсон, како некои од најзвучните имиња кои „Тајм“ ги нотирал.
Минатата година победници беа лекарите кои се бореа против смртоносниот вирус “ебола“ во Африка.




