Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23 отсто

0
By НОВА ТВ Balaban on December 3, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 3, 2021 10:32

 

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Обединетите нации: „Како да се обезбеди финансирање на одржливиот развој“, на панел-дискусијата „Што можат да направат банките и компаниите за одржливиот развој?“

„Има процени дека економската штета од климатските промени изнесува околу 25% од глобалниот БДП. ММФ проценува дека природните непогоди поврзани со климатските промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени, во просек, а кај помалку развиените економии дури и до 0,7 процентни поени. Се проценува дека негативниот ефект во претстојниот период ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, нагласувајќи ја потребата за засилување на активностите на носителите на политиките, но и на меѓународната заедница“, наведе гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Централните банки ставаат сѐ поголем акцент, при изборот на своите монетарни инструменти и управувањето со девизните резерви, токму на откривањето на ризиците од климатските промени. Се зголемува транспарентноста на ова поле, се работи на мапирање на екосистемот, развивање системи на статистички податоци и сл.

„Проактивна улога на ова поле има и Народната банка. Во 2021 година беше спроведена Анкета помеѓу деловните банки за досегашната примена на концептот „зелени финансии“. Според резултатите од Анкетата, околу 70% од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, додека околу 43% од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти. Учеството на зелените кредити изнесува околу 150 милиони евра, или само 2,5% во вкупните кредити. Сепак заинтересираноста расте, минатата година имаше раст од 23%, а заклучно со септември натамошен раст од околу 6%“, посочи гувернерката.

„Општо земено, наодите од Анкетата, коишто не се разликуваат многу од анкетите во рамките на ЕУ, покажуваат дека тековно учеството на зелените финансии е релативно помало, но дека банките им даваат сѐ поголема предност на зелените кредити, коишто се значаен потенцијал за финансирање проекти за животна средина и воопшто, за одржлив раст “, истакна Ангеловска-Бежоска.

Во однос на идните активности на Народната банка во врска со зелените финансии, гувернерката нагласи дека банката ќе се насочи кон прибирање подетални податоци, анализа на ризиците од климатските промени за банкарскиот систем и изготвување насоки за банките за зелените финансии, како и дека се планира стрес-тестирање на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени, Народна банка на Република Северна Македонија.

 

 

 

Анита Ангеловска-Бежоска Обединетите Нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.